Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Филков: Оптимизацијата на судската мрежа е клучна за поефикасно правосудство и поголема правна сигурност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryq3rild4n89jiamqvQBP

Министерот за правда, Игор Филков денеска изјави дека оптимизацијата на судската мрежа е клучна за создавање поефикасно правосудство и поголема правна сигурност за граѓаните.

— реклама —

На стручната расправа посветена на измените и дополнувањата на Законот за судовите, Филков нагласи дека реформите во правосудството мора да бидат суштински и да донесат реални подобрувања во функционирањето на судскиот систем.

„Реформите во правосудството не смеат да бидат само формални и декларативни. Тие мора да донесат реални подобрувања во функционирањето на судскиот систем и поквалитетна правда за граѓаните“, истакна министерот.

— реклама —

Според предложените законски измени, дел од судовите ќе бидат трансформирани во судски одделенија, со цел поефикасно искористување на човечките и материјалните ресурси, подобра распределба на предметите и поефикасно управување со постапките.

— реклама —

Филков посочи дека промените нема да значат намалување на пристапот до правда за граѓаните, туку обезбедување побрза и поквалитетна судска заштита. Судските одделенија, како што рече, ќе продолжат да функционираат локално, но ќе бидат организациски поврзани со поголемите судови.

Во рамки на реформите се предлагаат и мерки за подобрување на работата на апелационите судови, со цел намалување на заостанатите предмети и поефикасно постапување по жалби.

— реклама —

Министерот нагласи дека предложените решенија се базираат на анализи и проценки на реалните потреби на судовите и граѓаните, додавајќи дека успехот на реформите ќе зависи и од нивната доследна примена во пракса.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4os7f68squqkfBLa0MX

Филков пред амбасадорите на ЕУ: Најобемниот реформски циклус во правосудството е веќе реалност

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryn9829uf2a2g97Zt5UGM

Филков и ОН договараат дигитална трансформација на правосудството

Македонија | пред 2 седмици

media-library2cj99mmmkna51XVSDCw

Министерството за правда: Поголем дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР се прифатливи

Македонија | пред 1 месец

media-library4os7f68squqkfBLa0MX

„Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е клучен чекор во борбата против криминалот и корупцијата“, вели Филков

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања