Промени тема
Контакт

Филков оствари средба со директорот на АВМУ за унапредување на медиумската регулатива во изборниот процес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryail7uimv1bf48F2shUE

Министерот за правда, Игор Филков, оствари работна средба со директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, во рамки на консултациите за реформите во изборното законодавство. На средбата се дискутираше за унапредување на медиумската регулатива за време на изборниот процес, како и за обезбедување повисоко ниво на транспарентност и фер медиумско претставување.

„Разговаравме за унапредување на медиумската регулатива во изборниот процес, како и за обезбедување повисоко ниво на транспарентност и фер медиумско претставување.

— реклама —

АВМУ ќе подготви конкретни предлози кои ќе бидат доставени до членовите на Работната група за реформи во изборното законодавство.

Оваа активност следи по веќе одржаната средба со Државната изборна комисија, на која отворивме прашања поврзани со унапредување на законската рамка и јакнење на ефикасноста на изборниот процес.

— реклама —

Во наредниот период ќе продолжиме со консултации и со Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија, како и со претставници на граѓанскиот сектор, со цел да обезбедиме инклузивен и сеопфатен пристап во подготовката на реформите“, вели Филков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4os7f68squqkfBLa0MX

Филков пред амбасадорите на ЕУ: Најобемниот реформски циклус во правосудството е веќе реалност

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryn9829uf2a2g97Zt5UGM

Филков и ОН договараат дигитална трансформација на правосудството

Македонија | пред 2 месеци

media-library2cj99mmmkna51XVSDCw

Министерството за правда: Поголем дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР се прифатливи

Македонија | пред 3 месеци

media-library4os7f68squqkfBLa0MX

„Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е клучен чекор во борбата против криминалот и корупцијата“, вели Филков

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања