Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Финансиски хаос во Гази Баба: треба да плати пресуда од 127 милиони денари поради незаконити одобренија за градење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryv4j97tsh7hes5Zg2epw

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефаноски, соопшти дека општината се соочува со сериозен финансиски и институционален предизвик, кој, како што посочи, е директна последица на неодговорното работење на претходното раководство.

Стефаноски информираше дека повеќе правни лица, кои поседувале важечки одобренија за градење на локацијата кај поранешниот Скопски саем и уредно платиле надомест за уредување на градежно земјиште, на 27 октомври 2020 година поднеле тужба против Општина Гази Баба пред Основниот граѓански суд. Причината, според него, била тоа што претходното општинско раководство издало нови одобренија за градење на друго правно лице, а истовремено ги огласило за ништовни веќе издадените одобренија.

Иако при поништувањето на одобренијата требало да им биде вратен уплатениот надомест за уредување на градежно земјиште во износ од 73.460.330 денари, тогашниот градоначалник, како што наведе Стефаноски, не го сторил тоа, по што случајот завршил на суд.

По повеќегодишна судска постапка, Апелациониот суд во Скопје на 30 октомври 2025 година донел пресуда со која Општина Гази Баба е задолжена да ги врати уплатените средства, заедно со законска казнена камата пресметана од денот на поднесување на тужбата. Вкупниот износ што општината треба да го исплати изнесува 127.000.000 денари.

„Оваа пресуда е јасен доказ дека во периодот од 2017 до 2021 година во Општина Гази Баба се работело неодговорно, без визија и без почитување на законите. Наместо во 2020 година да бидат вратени 73 милиони денари, денес, во 2026 година, општината е задолжена да врати 127 милиони денари“, изјави Стефаноски.

Тој нагласи дека станува збор за сериозен товар за општинскиот буџет, но увери дека граѓаните не треба да бидат загрижени. Според него, со одговорно и транспарентно работење, Општина Гази Баба ќе успее да го надмине овој проблем и ќе продолжи да функционира стабилно и во интерес на јавноста.

Воедно, Стефаноски најави дека за целиот случај ќе бидат информирани надлежните институции, со цел да се разгледа можноста за утврдување одговорност согласно законите, потенцирајќи дека правдата, отчетноста и заштитата на јавниот интерес мора да бидат темел на секое институционално работење.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylltvnlhd68pu41tw27Y

Гази Баба ќе субвенционира вградување на уреди за течен гас/метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата

Скопје | пред 1 седмица

media-librarya96nqe280ppvefZlZ39

Опомени за непрописно паркирање на зелени површини во Гази Баба

Скопје | пред 3 седмици

odzak-zapalen

Гази Баба субвенционира чистење на оџаци – по 1.200 денари за секое домаќинство

Скопје | пред 1 месец

media-libraryd5d5kpe765pvbrT4mC3

Гази Баба ќе субвенционира полагање на возачки испит

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања