Промени тема
Контакт

Фон дер Лајен во Киев: ЕУ сака украински дронови, се подготвува нов голем договор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library3k7bpcvs32gc3uCSLjo
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска пристигна во Киев, каде што ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Главна тема на разговорите ќе биде продлабочувањето на одбранбената соработка меѓу Европската Унија и Украина, со посебен акцент на производството на дронови.

— реклама —

Ова е втора посета на фон дер Лајен на украинската престолнина годинава. Таа оцени дека ситуацијата значително се променила од нејзината претходна посета во февруари и истакна дека Украина постигнала значителен воен напредок.

— реклама —

„Украина оствари силен воен замав. Ситуацијата се менува. Европската Унија целосно ја исполнува својата улога со заемот од 90 милијарди евра, а во Киев ќе најавам нови иницијативи за продлабочување на интеграцијата на нашите одбранбени индустрии“, изјави фон дер Лајен.

Според најавите, во фокусот ќе биде и договорот за дронови меѓу Украина и Европската Унија, кој треба да овозможи поблиска соработка во производството на беспилотни летала и нивно складирање на територијата на земјите членки на ЕУ.

— реклама —

За време на посетата, Зеленски ќе ѝ го врачи на фон дер Лајен нововоспоставениот Орден на Европа, признание што им се доделува на личности кои придонесуваат за одбраната на Украина и го поддржуваат нејзиниот пат кон Европската Унија.

— реклама —

Фон дер Лајен ќе учествува и на петтиот самит „Украина – Југоисточна Европа“, на кој ќе присуствуваат и лидерите на Хрватска, Молдавија и Романија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj4dr96mqr2fl720ppdD

Македонија може брзо да напредува, фокусот сега е на деблокирање на пристапниот процес, порача фон дер Лајен

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
ursula

Урсула фон дер Лајен во Скопје на средби со Мицкоски и Сиљановска-Давкова

Македонија | пред 2 дена

fon-der-lajen

Фон дер Лајен во петок во Скопје, во фокус европската интеграција и спорот со Бугарија

Македонија | пред 5 дена

media-library97hnh1apg5r83dswoFU

Фон дер Лајен за погребот на Младиќ: „Сцените во Белград беа шокантни“

Балкан | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања