Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Фон дер Лајен за погребот на Младиќ: „Сцените во Белград беа шокантни“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
media-library97hnh1apg5r83dswoFU

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, остро го осуди начинот на кој во Белград беше одржан погребот на поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, осуден за геноцид и воени злосторства.

„Сцените од вчерашниот погреб на Ратко Младиќ во Белград беа шокантни. Ратко Младиќ беше осуден воен злосторник. Тој беше одговорен за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото“, напиша фон дер Лајен на платформата X.

— реклама —

Таа додаде дека е „длабоко за жалење“ присуството на одредени високи српски функционери, како и елементите на официјална поддршка на погребот.

— реклама —

Според фон дер Лајен, ваквите постапки покажуваат неуспех во соочувањето со „темното поглавје од поновата европска историја“ и се спротивни на вредностите врз кои се темели патот на Србија кон Европската Унија.

— реклама —

„Нашите мисли се со сите жртви на злосторствата извршени во земјите од поранешна Југославија“, порача претседателката на Европската комисија.

Младиќ почина во Хаг додека ја издржуваше доживотната затворска казна за геноцидот во Сребреница и други воени злосторства. На неговиот погреб опело служеше српскиот патријарх Порфирије, заедно со епископи на Српската православна црква.

Меѓу присутните биле српски министри, лидерот на владејачката коалиција во Република Српска Милорад Додик, Данило Вучиќ, син на српскиот претседател, како и рускиот амбасадор во Србија Александар Боцан-Харченко.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

mkd-429029

Шефот на „Рајанер“: Фон дер Лајен е бескорисна

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryj4dr96mqr2fl720ppdD

Македонија може брзо да напредува, фокусот сега е на деблокирање на пристапниот процес, порача фон дер Лајен

Македонија | пред 2 седмици

ursula

Урсула фон дер Лајен во Скопје на средби со Мицкоски и Сиљановска-Давкова

Македонија | пред 2 седмици

fon-der-lajen

Фон дер Лајен во петок во Скопје, во фокус европската интеграција и спорот со Бугарија

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања