Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

„Форд“ не ја исклучува можноста за враќање на „Фиеста“ и „Фокус“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
media-library6qpnr2880dj385yQHoG
unsplash

Форд Мотор Компани би можел повторно да ги врати моделите „Фиеста“ и „Фокус“ на европскиот пазар, иако претходно беа донесени одлуки за нивно постепено повлекување.

Во разговор за „Мотор1“, директорот на секторот за патнички возила на „Форд“ за Европа, Кристијан Вајнгертнер, отворено зборувал за идните планови на компанијата и причините поради кои „Фиеста“ и „Фокус“ биле ставени во втор план, и покрај нивната голема популарност.

— реклама —

Според него, автомобилската индустрија денес функционира во целосно поинакви услови, пред сè поради постојано променливите еколошки регулативи и стандардите за емисија на штетни гасови.

Поради тоа, „Форд“ во одреден момент проценил дека е поисплатливо да инвестира во развој на електрични возила.

— реклама —

Вајнгертнер посочил и дека пазарот станал многу пофрагментиран, додека производствените обеми во фабриките се намалиле, што ја принудило компанијата да носи тешки одлуки.

— реклама —

Сепак, тој нагласил дека „Форд“ не ја затворил целосно вратата за евентуално враќање на „Фиеста“ и „Фокус“.

Според неговите зборови, двата модели и понатаму претставуваат исклучително силни и препознатливи имиња со големо наследство, особено поради успесите во рели и туринг натпреварувањата, па компанијата сериозно размислува еден ден повторно да ги понуди на пазарот.

— реклама —

Во интервјуто станало збор и за шпекулациите околу можна соработка меѓу „Форд“ и кинескиот бренд Гили.

Вајнгертнер не сакал да ги потврди тие информации, но изјавил дека „Форд“ разговара со различни компании во потрага по најдобро можно партнерство за иднината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryk5d2s9pibflc69dsS94

Вештачката интелигенција не беше доволна: Форд повторно вработува 300 инженери

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryk5d2s9pibflc69dsS94

Форд најави седум нови модели за Европа по падот на продажбата

Магазин | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања