Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Форд најави седум нови модели за Европа по падот на продажбата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Магазин
media-libraryk5d2s9pibflc69dsS94
Photo by Dan Dennis on Unsplash

Американскиот производител Форд претстави нова стратегија за европскиот пазар, со која планира повторно да ја зајакне својата позиција по неколку тешки години и укинувањето на модели како Форд Фиеста, Форд Фокус и Форд Мондео.

Компанијата најави дури седум нови модели до 2029 година, со проширување на понудата на електрични и хибридни возила, но и целосно нов пристап кон европските купувачи.

— реклама —

Планот беше претставен во Салцбург, во момент кога уделот на Форд на германскиот пазар падна на само 3,3 проценти.

Голем дел од фокусот ќе биде ставен на товарните возила. Во понудата пристигнува новиот Форд Ренџер Супер Дјути, најекстремната верзија на популарниот пикап, наменета за спасувачки служби, шумарство, рудници и војска.

— реклама —

Форд подготвува и целосно електричен доставен модел, Форд Транзит Сити, кој ќе биде наменет за градски услови и ќе пристигне до крајот на годината.

До крајот на деценијата компанијата ќе претстави и пет нови патнички модели, меѓу кои нов европски Форд Бронко, компактен SUV, спортски електричен модел од Б-сегментот и два нови кросовери.

Форд потврди дека дел од помалите модели ќе користат платформа развиена во соработка со Рено, но нагласува дека автомобилите ќе го задржат препознатливиот дизајн на Форд и возните карактеристики.

Компанијата истовремено предупреди дека пребрзата транзиција кон целосна електрификација може да создаде проблеми на европскиот пазар и побара поголема поддршка за plug-in хибридите и развој на инфраструктура за полнење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6qpnr2880dj385yQHoG

„Форд“ не ја исклучува можноста за враќање на „Фиеста“ и „Фокус“

Магазин | пред 2 седмици

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања