Промени тема
Контакт

(Фото) ФБИ лоцираше двајца велешани осомничени за измама со лажни „Трамп долари“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryjf8anv7bdqbg73H8h1S

Федералното истражно биро лоцираше двајца македонски државјани, Горан Спиридонов и Кристина Јанева, кои според американските власти учествувале во измама со лажни финансиски инструменти поврзани со името и ликот на Доналд Трамп.

Според обвинителниот акт на њујоршкото обвинителство, тие преку интернет продавале производи наречени „Трамп Бакс“, „Трамп долари“, „златни чекови“, „златни значки“ и други наводни финансиски инструменти, лажно претставувајќи ги како поврзани со семејството Трамп, Организацијата Трамп и кампањата за реизбор на американскиот претседател.

— реклама —

Истражителите тврдат дека жртвите, претежно постари американски граѓани и поддржувачи на Трамп, биле убедувани дека со купување на овие производи ќе помогнат во финансирање на политички и патриотски каузи, а подоцна ќе можат да ги заменат за десетици илјади долари.

Според обвинението, производите биле целосно безвредни и немале никаква врска со Организацијата Трамп или со администрацијата на Трамп.

— реклама —

Американските власти наведуваат дека жртвите биле дополнително манипулирани да купуваат нови производи за наводно да можат да ги „ослободат“ средствата од претходните купувања, со што измамата достигнала стотици илјади долари.

Американскиот обвинител Џеј Клејтон изјавил дека обвинетите создале фиктивен финансиски систем и го пласирале како дел од наводен „банкарски систем за попуст на Трамп“.

Помошник-директорот на ФБИ, Џејмс Барнакл, посочил дека измамата била насочена кон повозрасни лица и дека американските.

— реклама —

американските власти ќе продолжат да ги гонат сторителите без разлика каде се наоѓаат.

Според американското Министерство за правда, двајцата осомничени сè уште се на слобода и се наоѓаат во Македонија.

Од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информирале дека постапувале по замолница за меѓународна правна помош од САД и обезбедиле податоци за истрагата, но засега нема барање за распишување потерница или екстрадиција.

Спиридонов и Јанева се обвинети за заговор за измама преку електронски комуникации, дело за кое е предвидена казна до 20 години затвор, како и за тешка кражба на идентитет.

media-libraryrk1qh0cmfqqh5TyUQKe

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryflle2iredo5hcvU6wBr

Трамп бесен на Зеленски: Смета дека Украина ги загрозува американските интереси

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Тадиќ: Трамп никогаш не го прифатил Зеленски како вистински лидер на Украина

Свет | пред 19 часа

media-library66h95ii86ar5aDVpbdj

Трамп: Енергетското примирје меѓу Русија и Украина стапува во сила веднаш, двете страни се согласиле

Свет | пред 23 часа

media-library0lep7gbag5bh80qrjyK

Трамп бесен што не доби Нобелова награда, ја нападна добитничката: „Никој никогаш не слушнал за неа“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања