Промени тема
Контакт

(Фото) Герасимовски објави слики - го чистеше ѓубрето во Општина Центар заедно со хигиеничарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
media-libraryqufotg8hrlgh1vN1GXd

Синоќа, до доцна по полноќ, градоначалникот Горан Герасимовски заедно со екипите на општинските хигиеничари го расчистуваа натрупаниот смет околу контејнерите во повеќе локации во Центар, откако ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје повторно потфрлија и го оставија цело Скопје, не само Центар затрупано во смет.

— реклама —
media-libraryv22865hlghdf5Qz39o6


„Да не дозволиме сето она што не го прави комуналното претпријатие и неговата негрижа да остане проблем на граѓаните, ние сме тука за заедно да ги решаваме проблемите. А сега продолжуваме сите заедно да го чистиме Центар поради негрижата на градот“, изјави Герасимовски на терен.

— реклама —

Герасимовски посочи дека акцијата продолжува динамично, со цел што побрзо да се нормализира состојбата.

„Продолжуваме на следна локација, вечерва колку што ќе стигнеме да исчистиме, да ги наполниме контејнерите. Сабајле продолжуваме заедно со хигиеничарите да ги средуваме другите населби, една по една.

— реклама —
media-library289fg81338p9cu5JKtE

Сите контејнери се полни, и на булеварите. Центарци нема каде да се паркираат, и паркинг местата ги узурпирале со смет. Се надевам дека градската власт ќе се свести и од утре ќе си ги преземе одговорностите и ќе ни го направи почист градот. Ако тие не го направат тоа, нашите служби повторно ќе ја завршат работата на градот“, додаде Герасимовски.

media-libraryqq7sdolhm90g8eq4qLp


Општина Центар информира дека општинските хигиеничари и во текот на денешниот ден продолжуваат со расчистување на сметот во сите населби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9fmkhi77iqm8594YIN4

И Орце со 30.000 луѓе го чистеше Скопје

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-library8qjfm7qbgp3c1qa2Wf2

(Видео) Морето исфрли тони пластика од Албанија во Дубровник: Познатата плажа Бање претворена во депонија

Свет | пред 10 месеци

media-libraryjoc5i9tijl1pcteMLkF

Добра одлука на Ѓорѓиевски за забраната да се фрла ѓубре по 22 часот: Софија Куновска посочи пример од Швајцарија

Скопје | пред 10 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-34-9420PM

Ноќна стража за ѓубрето, во Скопје се воведува нов режим - по 22 часот не смее да се фрла отпад

Скопје | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања