Промени тема
Контакт

(Фото) Голем пожар во скопско Орман, една куќа изгоре до темел, мештаните под стрес и со страв

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
collage

Во скопското село Орман, избил пожар кој брзо се проширил. Првиот пламен започнал во близина на бандерите, при силен ветер. Мештаните се сомневаат дека имало искри, кои го предизвикале брзо да пламне.

Во близина има пруга, а за брзо, започнало да гори од двете страни. Мештаните се под стрес и страв дека пожарите можат да ги зафатат и нивните куќи, бидејќи се во непосредна близина. Дел од нив, прскаат со црева околу дворовите, за да спречат евентуално ширење на огнот.

— реклама —

Сепак, една куќа, изгоре до темел. Невозможно било да се спаси. За брзо, пожарот од Орман, долж патот се проширил и кон Волково.

Во гаснењето учествува локалното население, ДЗС, Противпожарните бригади. Се гасне со лопати, гранки, цистерни, а мештаните се обидуваат да го спречат проширувањето на пожарот и со трактори, правејќи раскопи за да пламенот не се шрии.

— реклама —

— реклама —

Во Кучково биле изгаснати три пожари, сведочи граѓанин за „Скопје1“. Тој посочува дека реагирало само локалното население, без интервенција на Противпожарна бригада. Посочува дека додека бил на лице место, не видел ниту дека дошла полиција. Од фотографиите се гледа дека горела сува трева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfqb5bbcc2flk5RmNtwX

20 пожари во 24 часа: Изгаснати 19, еден под контрола кај Белица

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryfqak0nlofmne1XbCJ8g

Пожарот кај Белица и понатаму под контрола

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

До 18 часот регистрирани 11 пожари на отворен простор, два сè уште активни

Македонија | пред 4 дена

media-libraryvf6i6m4djo252DC3f6p

ЦУК: 14 пожари на отворен простор, пожарот кај Борино останува активен

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања