Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

(Фото) Грчката општина Касандра со известување и на македонски: Не оставајте чадори и лежалки на плажа, ќе завршат како отпад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Магазин
plaza-lezaljke-grcka
Илустрација

Грчката општина Касандра на првиот крак од Халкидики објави официјално известување на три јазици – грчки, англиски и македонски. Со ова локалните власти директно им се обратија на бројните туристи од Македонија кои традиционално летуваат во овој дел на Грција.

Известувањето се однесува на спроведувањето на новиот Закон 5092/2024, со кој грчките власти воведуваат построги правила за заштита на јавниот карактер на плажите и крајбрежјето.

Во пораката на македонски јазик се наведува дека чадори, лежалки и друга опрема што без законско право се поставени или се оставаат на јавните плажи, го ограничуваат слободното користење на просторот од останатите посетители. Сопствениците се повикуваат предметите да ги отстранат веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа.

— реклама —

Во спротивно, општинските служби ќе пристапат кон нивно отстранување. Според известувањето, целата опрема ќе се третира како напуштен отпад согласно општинските прописи за чистота, без можност подоцна да им биде вратена на сопствениците.

— реклама —
media-librarysvtt4ipuide34ZCT8ul

Одлуката да се објави известувањето и на македонски јазик се оценува како практичен чекор, имајќи предвид дека Касандра е една од најпосетуваните дестинации за македонските туристи. Во оваа општина се наоѓаат и популарните летувалишта Калитеа, Ханиоти, Пефкохори и Полихроно.

Со ваквиот пристап, локалните власти настојуваат информацијата навремено да стигне до сите посетители, со цел да се избегнат недоразбирања и да се обезбеди слободен пристап до јавните плажи за сите.

— реклама —


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylvf8fn3flppv30PcYrP

Атина постави 388 камери што ќе ги снимаат возачите кои поминуваат на црвено

Балкан | пред 2 часа

grom

Црвен аларм во Грција: Невреме се очекува на Халкидики и во Солун

Балкан | пред 5 часа

media-library6htarhp04gpsbR82zqt

Вирусот Западен Нил се шири во Грција, регистрирани 21 случај

Балкан | пред 23 часа

media-librarypgsf7ssldla66EtLIU5

(Видео) Пожар избувна во еколошки парк во Солун, ангажирани авиони, хеликоптери и десетици пожарникари

Настани | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања