(Фото) „Кичево испиша историја“ - Мицкоски ја славеше победата на Јовановски на градскиот плоштад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library733l7eiofjshe9b3UlD
ФБ

Лидерот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја прослави победата на својата партија во Кичево, каде што нивниот кандидат Александар Јовановски во вториот изборен круг го победи Фатмир Дехари од Националната алијанса за интеграција. Јовановски освои повеќе од 14.000 гласови, околу 2.000 повеќе од својот противкандидат, а излезноста на изборите во Кичево надмина 50 отсто.

— реклама —

Мицкоски објави и дел од атмосферата преку фотографии на својот ФБ профил:

— реклама —

Кога единството е посилно од поделбите, кога желбата за правда е посилна од криминалот и кога сите граѓани имаат силна волја за иднина, посилна од хаосот и безредието. Јасно е дека се работи за Кичево. Вечерва во градот кој испиша историја!

Во обраќањето пред граѓаните, Мицкоски истакна дека оваа победа претставува пример за обединување и соживот, нагласувајќи дека „победила вербата во вредности“.

— реклама —

„Триумфираше идејата дека Македонија е заеднички дом за сите – Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други. Победи надежта дека иднината се гради со почит и заедничка работа, а не со поделби. Оваа победа не е само локална, туку и симболична – таа покажува дека Македонија созрева, дека народот не се плаши да се обедини околу вредностите“, порача Мицкоски.

Тој истовремено се осврна и на дел од граѓаните кои не излегле на гласање, нагласувајќи дека нивната одлука е дел од демократскиот процес.

„Тоа е дел од демократијата. Но, сакам искрено да им порачам – и вашиот глас, и вашата тишина ги слушнавме“, додаде Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Во недела втор обид за избор на градоначалници во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 1 месец

izbori-makedonija-Copy

Почнува собирањето потписи за независни кандидати во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryn3fliu542sl9aZ6euwP

Повторно глсање во Гостивар, Врапчиште, Маврово–Ростуше и Центар Жупа на 11 јануари, Гаши ги распиша изборите

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања