Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

(Фото) Кој ќе ја плати колата што ја уништи ова бесно куче, прашува жителка на Гази Баба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-libraryl4vh674e7on01hzgYPt

Автомобил паркиран во населба во општина Гази Баба е оштетен, откако, според објавата на граѓанка на социјалните мрежи, бесно куче-скитник започнало да го гризе возилото. Фотографиите кои таа ги објави покажуваат оштетувања на предниот дел од автомобилот, откорнат дел од каросеријата и траги кои, како што тврди, се резултат на напад од животното.

— реклама —

„Општина Гази Баба, кој ќе ја плати колата што ја уништи ова куче? Од што е бесно и кога почна да уништува?“, прашува граѓанката.

— реклама —
media-libraryrjfoq6dkiebd723hFFC

Од фотографиите се гледа и поширокиот контекст во кој се случил инцидентот – паркинг во близина на запуштена површина, расфрлан отпад околу контејнери.

— реклама —

Граѓаните со години реагираат дека комбинацијата од неконтролирана популација на кучиња и нередовно одржување на јавните површини претставува ризик, не само за имотот, туку и за личната безбедност.

media-libraryd3r4b7uuimgfbNrM3BB

Ова не е изолиран случај. Во повеќе скопски општини, жителите изминатиот период пријавуваа напади или агресивно однесување од кучиња-скитници.

Граѓаните, пак, бараат итна реакција, јасни мерки и одговорност, предупредувајќи дека институционалната негрижа создава чувство дека секој е оставен сам да се снаоѓа – и со штетата, и со стравот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4cda7o0iv9ch0JdpuDf

Урната дивоградба во Керамидница, Стефковски: Нема компромис со Законот

Скопје | пред 3 дена

media-libraryhnr41q6nd3635gMJa0e

Гази Баба го решава пристапот до гробиштата Камник, започна реконструкција на патот

Скопје | пред 4 дена

media-librarylltvnlhd68pu41tw27Y

Гази Баба ќе субвенционира вградување на уреди за течен гас/метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата

Скопје | пред 3 седмици

media-librarya96nqe280ppvefZlZ39

Опомени за непрописно паркирање на зелени површини во Гази Баба

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања