Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Фото) Монструозен чин во Скопје: фрлено куче од железничка станица, Нори почина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Скопје
media-library2r5u8560t3doeySexxf

ЈП „Лајка“ соопшти за уште еден шокантен случај на суровост врз животните, откако непознат сторител фрлил куче од железничката станица во Скопје.

„Вознемирувачка содржина. Утрово добивме повик за крајно вознемирувачка случка која повторно не потсетува до каде може да оди човечката суровост. Непознат сторител извршил монструозен чин и фрлил куче од железничката станица во Скопје“, објавија од ЈП „Лајка“.

— реклама —

Тие информираат дека нивниот тим веднаш интервенирал и го префрлил кучето во амбуланта, каде што биле вложени максимални напори од страна на докторите.

„За жал, и покрај сета борба, Нори – куче кое уште во 2023 година помина третман кај нас – денес го изгуби животот поради силно внатрешно крварење“, наведуваат од таму.

— реклама —

Според информациите, Нори често била забележувана на повеќе локации низ градот, а станувало збор за питомо и мирно куче кое никому не пречело.

— реклама —

„Овој бесправно и сурово одземен живот нема да остане незабележан. Настанот веднаш ќе биде пријавен до надлежните институции, до кои апелираме да ги искористат сите механизми за пронаоѓање и санкционирање на сторителот на ова тешко кривично дело. Апелираме и до граѓаните – доколку сте сведоци на вакви дела, пријавете ги веднаш. Само со заедничка реакција можеме да ставиме крај на ваквото насилство и да изградиме општество во кое животите на животните се почитуваат“, стои во соопштението на ЈП „Лајка“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library558kdnt22jjqdn63hj6

(Видео) „Лајка“ со порака до граѓаните: Можеби токму кучето од прифатилиштето чека да заврши кај вас

Македонија | пред 12 часа

media-librarykiu3nc592m9f0KEOFvD

Уличните кучиња го чинат Скопје 46 милиони денари, „Лајка“ добила над 700 пријави за шест месеци

Скопје | пред 1 седмица

KUCINJA-3

„Лајка“ ќе изнајмува кучиња за прошетка низ Скопје

Скопје | пред 5 месеци

media-librarygc872iaj0her6KOTKt0

(Видео) Маж бегаше од глутница кучиња која повторно се појави во Карпош 4, жителите стравуваат за безбедноста

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања