Промени тема
Контакт

„Лајка“ залови 101 куче во август, 19 кучиња најдоа нов дом

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Скопје
media-libraryk0dua6papfka4DYBMs2

Во текот на август, ЈП „Лајка“ заловило 101 бездомно куче на територијата на Скопје, што е повеќе од вкупно 86 пријави што ги поднеле граѓаните. Во истиот период, 19 кучиња биле вдомени, меѓу кои и шест што со години престојувале во стационарот.

Најголем број кучиња биле заловени и третирани во Општина Ѓорче Петров – 20, иако биле поднесени 14 пријави. Во Кисела Вода и Гази Баба биле третирани по 15 кучиња, во Чаир 14, додека во Бутел и Шуто Оризари по 10. Во Аеродром и Центар биле опфатени по шест, а во Карпош пет кучиња.

— реклама —

Ветеринарниот сектор во август извршил 103 зафати за репродуктивна контрола – 70 стерилизации на женски кучиња и 33 кастрации на мажјаци. Од „Лајка“ посочуваат дека поголемиот број стерилизации на женките има значаен ефект врз спречувањето на неконтролираното размножување.

Сите заловени кучиња биле ветеринарно прегледани, третирани, вакцинирани против беснило и микрочипирани. По завршувањето на третманот, 66 кучиња биле вратени на нивните матични локации.

Од 19-те реализирани вдомувања, шест биле кучиња што со години живееле во стационарот. Арон, Џин, Волтер, Чоко, Руди и Даре во првата половина на август добиле траен дом.

— реклама —

„Лајка“ воедно започнала партнерство со „Волт Македонија“, преку кое граѓаните можат директно да донираат средства. Од претпријатието велат дека и понатаму има потреба од привремени згрижувачи, а за донации на опрема, ќебиња и садови за храна поставени се кутии во „Дајмонд“, „Ист гејт“ и „Сити мол“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library558kdnt22jjqdn63hj6

(Видео) „Лајка“ со порака до граѓаните: Можеби токму кучето од прифатилиштето чека да заврши кај вас

Македонија | пред 3 седмици

media-librarykiu3nc592m9f0KEOFvD

Уличните кучиња го чинат Скопје 46 милиони денари, „Лајка“ добила над 700 пријави за шест месеци

Скопје | пред 4 седмици

KUCINJA-3

„Лајка“ ќе изнајмува кучиња за прошетка низ Скопје

Скопје | пред 6 месеци

media-librarygc872iaj0her6KOTKt0

(Видео) Маж бегаше од глутница кучиња која повторно се појави во Карпош 4, жителите стравуваат за безбедноста

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања