Промени тема
Контакт

(Фото) Можеше да заврши фатално: Мечка искасапи маж во околината на Велес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-04-09-at-18.30.32

Центарот за управување со кризи информира дека имало опасен напад од мечка на возрасен човек, 61-годишник, на планината Мукос, кај месноста „Сеча“, во атарот на с.Оморани на територија на Општина Чашка, што се завршил за среќа само со телесни повреди (на грбот и телото) и каснувања (на двете нозе, на едната посериозно), а можел да биде и фатален. Повредениот, блиските од семејството информираа во комуникација со ЦУК, дека бил под многу голем стрес, при што при првиот контакт со нив. Кога отишле кај него, не можел и да комуницира.

— реклама —

„Сточарот при нападот од мечката успеал, инстиктивно, поле неговото соборување на земја, со нозете да се одбрани, а го бранеле и неговите две помали кучиња. Притоа, се здобил само со повреди, а ситуацијата била сериозна, бидејќи мечката при повеќекратниот напад се обидувала да го зграпчи и да го касне на стомакот, што можело да биде фатално, информираа блиските. Потоа, по нападот, лицето, дури имало сила, се вратило назад во неговата „Колиба“, заедно со стадото крави, но таму папсало, изгубило сила, а и најверојатно заради претрпениот шок не се јавило веднаш за помош, при што поминало цело едно деноноќие.

— реклама —

Блиските од семејството, при комуникацијата со ЦУК, информираа дека мечката го напаѓала стадото и другпат, но овојпат директно го нападнала сточарот, кога тој доцна попладне во неделата го враќал стадото крави од пасење. Истата мечка во последните три години постојано го напаѓала стадото, при што само во последната година има убиено три крави и неколку телиња. Повредениот сточар, бидејќи не се јавил дома од неделата (08.04.2024), а неговите блиски од семејството не можеле да го добијат на телефон, загрижени отишле директно на планината во „Колибата“ кај стадото крави и таму го затекнале под голем стрес и повреден. Примарно го згрижиле и веднаш го однеле во болница (ЈЗУ Општа болница Велес - хируршко одделение), каде што му е пружена соодветна медицинска нега и му се дадени лекарства. Неговите нозе, покрај раните од каснувањата биле и отечени од ударите при борбата да не го касне на стомак и да го повреди повеќе. На едната нога имал и помала скршеница и таа му била соодветно преврзана со медицински средства. Денеска, по одењето во болница и добивањето соодветна медицински третман и медикаменти, повреденото лице од напад на мечка, доцна попладне ја напуштило болницата и е на домашно лекување во својот дом во с.Дреновци во Општина Прилеп.

— реклама —

ЦУК ја следи состојбата на повредениот преку комуникација со неговите блиски“, велат од ЦУК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryd7f52r3d33chbTiVT7m

33 пожари за едно деноноќие во Македонија, четири и натаму активни

Македонија | пред 22 часа

evn-ptici-struen1

Неколку места во Скопје без струја, возовите ќе возат споро поради жештините, пчеларите предупредени да ги заштитат пчелите

Македонија | пред 2 дена

media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

Шест пожари се активни низ земјава, гори и букова шума во Кичевско

Македонија | пред 3 дена

media-librarytp2hnvmn1344auF63Vn

35 пожари за едно деноноќие: Пет и натаму активни низ Македонија

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања