„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

(Фото) Над 20 казни на „пластичарска“ каде елки се продаваат на тротоар, а улиците се паркинзи - постапки и за „Зимзоленд“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-library7lp0vduj5so29wiVItL

Град Скопје денеска реализираше обемна, координирана инспекциска акција со цел воспоставување ред, контрола и почитување на законските прописи на јавните простори низ градот. Во активностите учествуваа Градскиот инспекторат, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи, а дел од мерките беа насочени кон двата проблематични пункта – улицата „Пластичарска“ и просторот на Зимзоленд.

Од Градот информираат дека биле преземени конкретни мерки, изречени прекршочни казни и констатирани низа неправилности, со единствена цел да се заштити јавниот простор и да се обезбеди уредна и безбедна околина за сите граѓани.

— реклама —
media-libraryoakij04vr3bl12OkeNv

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи наведе дека се изречени повеќе од 20 казни на локацијата „Пластичарска“, каде екипите на ЈП „Градски паркинг“ отстрануваа неправилно паркирани возила кои го попречувале движењето и го нарушувале јавниот ред.

— реклама —

„Нема отстапки, нема компромиси со хаосот“, порача градоначалникот, додавајќи дека сите појави кои го узурпираат просторот што им припаѓа на скопјани ќе бидат отстранети.

— реклама —

По добиени пријави од граѓани, инспекторатските служби постапиле и на просторот на Зимзоленд. На лице место било утврдено дека Град Скопје нема издадено дозвола таму да се врши дејност, а забележани се и повеќе неправилности, особено вршење дејност надвор од објектот.

Дополнително, за реквизитите и забавните содржини кои не се дел од програмата на Општина Аеродром, градските служби наложиле градежниот инспектор од општината да постапи согласно законските регулативи.

Градоначалникот истакна дека Град Скопје ќе продолжи бескомпромисно да се бори против секоја неправилност, секој обид за узурпација и секој хаос кој го загрозува јавниот простор.

„Овој град заслужува ред, а скопјани заслужуваат достоинствено, безбедно и уредено место за живеење. Редот е обврска. И ние ја исполнуваме“, порача Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3ubopt15lmq0dHrUBgV

Нов директор во „Лајка“: Орце Ѓорѓиевски го брани изборот, Штерјова обвинува за партизација

Скопје | пред 3 дена

media-libraryacssdvpb4m0oeVWqaK2

Цаневска: Скопје станува „невидливо“ за инвеститорите по суспендирање на кредитниот рејтинг Б+

Скопје | пред 3 дена

media-libraryo50v32k7adh95ZJe2f8

(Фото) „Бандит“ на говорницата на Град Скопје

Македонија | пред 3 дена

media-librarylb03orba9b188mShzls

Не заборавајте: затворен за сообраќај е потегот од Кисела Вода до Црвен Крст во центарот на Скопје

Скопје | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања