Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

(Фото) Од 25 до 31 година имаат лицата кои се гонат за сексуална продажба на малолетничка, која ја терале и да се дрогира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryfdvu0vbd3h6l2aFFODu
Илустрација / Скопје1

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против пет лица од Тетово, поради основано сомнение за сторени тешки кривични дела поврзани со трговија со дете и сексуално насилство. Кривичната пријава е поднесена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност, односно Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

— реклама —

Според МВР, првопријавениот Ф.М. (25) се товари за кривично дело трговија со дете, додека И.Д. (56), А.С. (30) и Л.С. (28) се пријавени за учество во истото кривично дело, а Р.М. (31) за полов напад и силување, согласно одредбите од Кривичниот законик.

media-libraryde70q4td32141LUzO8V

Од досега документираните сознанија произлегува дека во периодот од мај 2023 година до крајот на 2024 година, првопријавениот, злоупотребувајќи ја довербата на тогаш 15-годишно дете, лажно претставувајќи се како потенцијален љубовен партнер, преку сериозни закани и уцени ја принудувал жртвата да користи опојни дроги и да биде сексуално експлоатирана. Со цел стекнување противправна имотна корист, тој, по претходен договор со останатите пријавени и со вклучување и на други засега неидентификувани лица, овозможувал вршење полови дејствија врз детето-жртва на повеќе локации во Тетово.

— реклама —

Петтопријавениот, кој имал улога да се грижи за безбедноста на детето, ја злоупотребил својата позиција и спротивно на волјата на жртвата извршил полов однос, со што дополнително ја продлабочил кривичната одговорност во овој случај.

media-libraryhv2eabhl41837NKYkKm

По наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, биле извршени претреси на четири локации на подрачјето на Тетово, при што биле пронајдени и привремено одземени мобилни телефони и СИМ-картички. Сите пет лица се лишени од слобода, а истрагата продолжува со цел целосно расветлување на случајот и утврдување на целосната одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5ie3l356m47l6ECiNtD

Независниот синдикат на полицијата со барања до МВР: Повисоки казни, повисоки плати и нова систематизација

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryq7edrtqftepqcqp3sG8

Полицијата на протест: 50 евра не е казна, туку бакшиш – авторитетот на државата мора да вреди повеќе

Македонија | пред 2 седмици

media-librarylgq5agnerb97fkMgqi2

80-годишен маж од Хелсинки со децении живеел во подрум без прозорци

Свет | пред 1 месец

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Граѓанин лажно пријавил „малтретирање“ од полицајци, камерите ја разоткрија измамата

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања