Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Фото) При контрола на стока, најдени лица од Судан и Египет: откриени 12 мигранти за еден ден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarykf9q2uq6lpusfGha6R1

Царински службеници од Царинарница Скопје во еден ден откриле 12 илегални мигранти со потекло од Египет и Судан, при контрола на стока пријавена за увозно царинење во две различни испостави.

Првиот случај бил откриен во царинскиот терминал во Тетово. Царинските службеници уште пред да започнат со контрола на камионот се посомневале дека во товарниот дел може да има илегални мигранти, поради што побарале асистенција од Министерството за внатрешни работи.

— реклама —
— реклама —

По извршената контрола, во товарниот дел биле пронајдени пет илегални мигранти.

Само два часа подоцна, во царинскиот терминал Скопје 3, при контрола на стока пријавена за увозно царинење, биле откриени уште седум илегални мигранти.

— реклама —

Сите 12 лица биле предадени на Министерството за внатрешни работи.

Од Царинската управа посочуваат дека фактот што двата случаи биле откриени во еден ден укажува на будноста при следењето на состојбите поврзани со илегалната миграција.

Според последните податоци на Фронтекс, илегалната миграција преку западнобалканската рута бележи пад од 42 проценти. Оттаму додаваат дека соработката дава резултати, но дека останува потребата од будност и подготвеност за нови предизвици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypfskm7gofu92aGlT28p

(Видео) Спречен шверц на 29 шишенца од лекот „Xgeva“ кој се користи за лекување малигни заболувања

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0nqp4g49m8audFaJw50

(Видео) На Богородица запленети 77 парчиња златен накит вредни четири милиони денари, скриени во перница за врат во автобус од Истанбул

Македонија | пред 1 седмица

media-library2agilgujcme15YJcmOi

Откриени 595 сребрени прстени скриени под седиштата на автомобил на Блаце

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryf75345479f0u2EX18dK

Хашиш, амфетамин и МДМА пронајдени кај германски државјанин на Табановце

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања