Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов уште еднаш ја потсети јавноста дека спомените и љубовта кон неговите родители никогаш не бледнеат.
Вчера изминаа изминаа 28 години од смртта на неговата мајка, легендарната актерка Анче Џамбазова.
На неговиот профил на Инстаграм, тој сподели стара црно-бела фотографија, под која напиша „28 години без тебе, мајчичке…“. „Те нема, а секаде те има, неизбежно те има, во себе си те носам“.
Анче Џамбазова почина на 30 септември 1997 година во Скопје, на само 55 години. Таа беше ќерка на големиот Петре Прличко и, по неговите стапки, стана едно од препознатливите лица на македонската сцена.