Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Во Битола одбележани 110 години од Кајмакчаланската битка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarys6tnt0hki4f9cbhfjna

Во Битола денеска започна комеморативната програма по повод 110-годишнината од Кајмакчаланската битка, со положување свежо цвеќе на српските воени гробишта. Дводневното одбележување е организирано од Заедницата на Србите во Македонија – Битола.

На комеморацијата присуствуваа членови на српската заедница, граѓани на Битола и гости од Србија. Претседателот на Заедницата, Зоран Жугиќ, потсети дека интересот за одбележувањето низ годините се зголемувал, посочувајќи го значењето на српските воени гробишта во Битола.

— реклама —

Кајмакчаланската битка се водела од 12 до 30 септември 1916 година, меѓу српските и бугарските сили, во рамките на Битолската офанзива. Борбите се одвивале на врвот на планината Ниџе, на надморска височина од 2.524 метри, при тешки временски услови и со големи загуби на двете страни.

— реклама —
— реклама —

По 18 дена борби, на 30 септември 1916 година, српските сили го презеле врвот. Според податоците наведени на одбележувањето, српската армија во операцијата претрпела околу 5.000 загинати, ранети или исчезнати војници.

На комеморацијата се обрати и министерката за работа и социјални прашања на Србија, Милица Џурџевиќ Стојковски, која зборуваше за значењето на местото и за историските врски меѓу македонскиот и српскиот народ.

— реклама —

Програмата продолжува вечерва во 19 часот во КИЦ „Офицерски“ во Битола, каде што ќе се одржи свечена академија под наслов „110 години од Кајмакчалан“.

Утре, 30 септември, одбележувањето продолжува на врвот Ниџе, каде што е предвидена централна церемонија кај спомен-капелата „Свети Петар“, со почеток во 11 часот. Делегациите и посетителите кон Кајмакчалан ќе заминат во раните утрински часови преку Грција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylr91jopn7e41dMFFrOF

Битола ја активира пајак-службата: ќе се отстрануваат непрописно паркирани и хаварисани возила

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarylr91jopn7e41dMFFrOF

Од понеделник пајак-службата повторно на улиците во Битола

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 2 седмици

media-librarytrb2a25dr17raWtkTNl

Пресврт по тепачката во Битола: Оној кој го влечеле по „Широк сокак“ е жив, починал оној кој влечел

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања