Во повеќе скопски населби силниот ветер корнеше дрвја, кои паѓаа врз паркирани автомобили, при што беа искршени шофершајбни, вдлабнати кровови и оштетени каросерии. На дел од улиците паднатите дрвја го попречуваа и сообраќајот, а екипите на надлежните служби интервенираа за нивно отстранување.
Фотографиите од различни делови на Скопје сведочат за размерите на штетите, прикажувајќи автомобили затрупани под кровни конструкции, гранки и стебла, како и дрвја откорнати од корен под налетите на силниот ветер.