Промени тема
Контакт

Фрчкоски: АКТ на СДСМ го потсетува новиот јавен обвинител за бизнис мрежата на Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryuf4ulkcicka93H6syH2

Антикорупцискиот тим на СДСМ ја разоткри целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката, вели Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ.

„Голем, внимателно плетен систем во кој се поврзани политиката и бизнис интересите.

 Овој енергетски „октопод“ на Мицкоски има длабоки и широки пипци.

 Од Душан Адамовиќ, функционер на СНС, навивач, човек со криминално минато и почесен конзул, преку офшор структури на Кипар води до „Rudnap Group“ на Војин Лазаревиќ, а се вмрежува директно со Владата преку министерката Сања Божиновска.

 Потоа мрежата се шири:

 Во Развојната банка, каде Мицкоски ја поставува Ефимија Димовска, сопруга на неговиот бизнис партнер во хидроцентралите . За секој бизнис потребна е банка

— реклама —

 Во РЕК Битола, каде директор станува Иван Куковски, близок до семејството на Мицкоски и поранешен советник на Божиновска. Таму се контролира производството на струја.

 И конечно – во Регулаторната комисија за енергетика, со изборот на Ацо Ристов каде се носат одлуките за цените.

 Сите алки се на место: Од производство и увоз на струја, преку финансии, до регулација.

 Го потсетуваме новиот Јавен обвинител.

 Поминаа 3 месеци, време е за постапување, доста беше молк

— реклама —

 Три месеци нема никаква реакција за сериозни скандали и индиции за криминал кои беа јавно објавени од АКТ.

 Очекуваме итно постапување и за бизнис шемите на Мицкоски во енергетиката.

 Да не чекаме уште три месеци, па повторно да дознаваме апсурди – дека на некого татко не му е татко“, вели Фрчкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynb6uf2vf8epm7Ml4uGK

(Видео) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Македонија | пред 3 дена

media-library8u2v229lbqr5bTPlu2n

Фрчкоски: Мицкоски создава медиумски мрак

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykg24020v87n51YenRDh

Фрчкоски за водата во Гостивар: „Четири недели граѓаните пиеја вода со фекалии, мора да има одговорност“

Македонија | пред 3 седмици

media-library38dfj7nibud6eeqrUWU

Фрчкоски: СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода за граѓаните*

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања