Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Фрчкоски: Градежна мафија на Орце и ВМРО-ОКГ е опасна по живот а никој ништо не и може

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-librarys8ouvji0hdhh4ofmZX9

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Градежната мафија на ВМРО-ОКГ во Скопје е опасна по живот ама никој ништо не и може. Помина цела недела од трагичниот настан во Кисела Вода во кој загина работник, а неколкумина беа тешко повредени, вели Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ.

„Сѐ уште нема никаква одговорност, ниту конкретна акција од институциите.

— реклама —

Воопшто не е случаен овој молк. Молкот е доказ.

Дека криминалната власт и нејзините бизнис партнери се подготвени да газат преку се, само да продолжат да се богатат.

— реклама —

Трагедијата во Кисела Вода е последица на коруптивен систем во кој профитот е поважен од животот.

До кого доаѓаме? Кој стои зад овој објект? И како е поврзан со Орце Ѓорѓиевски?

Инвеститорот е фирмата „Нар инвестмент“ зад која стои Ивица Коневски, поранешен функционер и градоначалник на на ВМРО-ОКГ.

Близок до Орце Ѓоржиевски, кој беше ангажиран и како адвокат во општината Кисела Вода кога Орце беше градоначалник.

Како е можно Коневски, кој истовремено ја ужива довербата на Општина Кисела Вода како нивен адвокат, истовремено да биде правен застапник на општината и главен инвеститор во нејзината територија?

Ова е класичен пример на конфликт на интереси и институционална корупција која цвета под чадорот на ВМРО-ОКГ.

Ако се пголеднат трансакциите од буџетот на Општина Кисела Вода кон адвокатската канцеларија на Коневски, во 2025 година достигнувале суми од над 70.000 денари.

Како е можно истите луѓе да бидат дел од системот на општината и истовремено да профитираат од одлуки на општината?

Затворен круг на бизнис и политика. Класична шема на ВМРО-ОКГ. Тендерите и бизнисите одат кај своите.

Оваа криминална спрега е опасност за секој граѓанин.

Бараме:

Итна, независна и темелна истрага за целиот случај.

Проверка на сите дозволи, надзори и услови за работа на градилиштето.

Како е дадена дозволата, односно одобрението за градба?

Утврдување на точната улога на Орце Ѓорѓиевски и Ивица Коневски.

Одговорност мора да има“; вели Фрчкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuf4ulkcicka93H6syH2

Фрчкоски: АКТ на СДСМ го потсетува новиот јавен обвинител за бизнис мрежата на Мицкоски

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-library9mjf2slv8iq41uGgQx7

(Видео) Коњите на Фрчко од МВР завршија на кланица, тој си играше играчки додека бројот на наркомани растеше по сто на ден, вели Ѓурчевски

Македонија | пред 1 месец

media-librarypu0nbtm84vftfDQiVMt

Фрчкоски: „Руднап“ и Божиновска се клучниот линк, АКТ на СДСМ откри нов дел од бизнис мрежата на Мицкоски

Македонија | пред 1 месец

media-librarylnhvjv0p7u36cQc6Vpt

Фрчкоски: Со назначувањето на Димовска, Развојната банка станува сервис на партиски бизниси

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања