Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Фрчкоски: СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода за граѓаните*

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 часа -

Македонија
media-library38dfj7nibud6eeqrUWU

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Водата веќе не е за пиење во 7 населени места во Македонија. Гостивар, Валандово, Крушево, Пласница, Прилеп, Лешок, Преглово. Прашање е кој град е следен, вели Јон Фрчкоски - член на Извршниот одбор

„Бидејќи изворот Студенчица го користат и Кичево, Македонски Брод, Долнени  ризикот е дека и за овие места водата може да биде загадена.

Мицкоски отвора базени додека во седум населени места водата е неисправна за пиење а низ Лепенец и Вардар тече бела пена. Отровот стигна и до главниот град Скопје.

Со Мицкоски и ВМРО-ОКГ најскапото нешто, здравјето на луѓето е во прашање.

Најосновната животна потреба на граѓаните, за чиста и здрава вода е загрозена.

Ова е системски колапс на институциите под команда на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО.

Мицкоски ја труе Македонија.

Буквално.

Во вакви околности, на затруени цели градови, болни, со можни извори на зарази, каде граѓаните немаат пристап до чиста и здрава вода, крајно несоодветно, нехумано и  неодговорно е да потрошат 5 милиони евра за прослава на независноста со скапи пејачи и артисти.

Не е патриотски чин 5 милиони евра да завршат кај пејачи и провизии во џебови на власта.

— реклама —

Најпатриотски чин на денот на независноста  е да се обезбеди здрава вода за македонските граѓани.

Бараме да се пренаменат овие 5 милиони евра и наместо за скапи пејачи да се дадат за чиста вода за македонските граѓани.

Пречистителни станици, филтер станици, резервоари за вода, обнова на водоводни цевки, нови инсталации.

Можеме 35 години од незавиноста да прославиме поскормно и поздраво, со народ кој нема да се труе со пуштање на чешмите дома.

— реклама —

Со чиста вода и чисти реки. За здравје, за вода се работи.

Владата на Мицкоски досега криеше од јавноста колку пари ќе потроши за прославата, но АКТ денеска открива.

Додека Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја трујат цела Македонија - немаат милост за тендери и провизии.

На 167-та седница одржана на 28 април 2026 година, Владата на Мицкоски ѝ наложила на АД Државна лотарија да обезбеди 300.000.000 денари (околу 5 милиони евра) од нераспределената дивиденда за 2024 година за финансирање и спонзорирање на манифестациите за прослава на независноста.

Пред да биде објавен формалниот јавен повик на Државна лотарија, во јавноста и медиумите беше објавено дека „Авалон продукција“ веќе е избрана и ангажирана како главен партнер за централните музички настани.

— реклама —

Како? Под маса?

Ова е сомнително и од законски аспект треба да биде испитано.

Не може народот во цела Македонија да се труе а некој да лапа милионски провизии.

Не може да нема за вода, за плати, за пензии а да се трошат 5 милиони евра.

Пренаменете ги парите! 5 милиони евра се многу пари, да им обезбедиме на луѓето чиста и здрава вода. За Македонија се работи“, додава Фрчкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarykg24020v87n51YenRDh

„Две омилени фирми на ВМРО-ОКГ за надзор и проектирање свртеле над 5,3 милиони евра за две години“, вели Фрчкоски

Македонија | пред 1 месец

media-librarys8ouvji0hdhh4ofmZX9

Фрчкоски: Градежна мафија на Орце и ВМРО-ОКГ е опасна по живот а никој ништо не и може

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryuf4ulkcicka93H6syH2

Фрчкоски: АКТ на СДСМ го потсетува новиот јавен обвинител за бизнис мрежата на Мицкоски

Македонија | пред 4 месеци

media-library9mjf2slv8iq41uGgQx7

(Видео) Коњите на Фрчко од МВР завршија на кланица, тој си играше играчки додека бројот на наркомани растеше по сто на ден, вели Ѓурчевски

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања