Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Фрчкоски: Социјалдемократијата мора да го разбие монополот кој го има десницата врз културните, идентитетските и националните прашања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Jon-frck

Социјалдемократите и левите либерали треба да ја напуштат како погрешна слепата верба во технолошкиот напредок, како автоматски пат кон еманципација на индивидуата и ослободување на општеството во целина. Тоа е тешка задача, но неопходна за релативизирање на модернистичката парадигма за автоматскиот напредок, рече Јон Фрчковски, директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ, на конференцијата организирана од ФЕС, во Подгорица, Црна Гора.

„Социјалдемократијата треба да научи дека национализмот не одумира со напредокот и глобализацијата. Тој треба да се зацврсти и засили како единствен одговор на слепиот глобализам, како сигурна заштита од отворањето на нациите и државите, кое буди страв од иднината и заштитата на културниот идентитет. Социјалдемократијата треба да пронајде приемчив проект на валидација на националната култура и отворањето, кое не е десничарско, но сериозно ги разбира и создава простор за развој на националните партикуларни култури“, рече Фрчкоски.

— реклама —

— реклама —

Тој на конференцијата во Подгорица потенцираше дека социјалдемократијата треба да пронајде начин да докаже дека со отворањето и регионална и глобална солидарност, националниот спецификум не се губи, ниту загрозува, туку може да се зацврсти и да добие на самодоверба.

„Социјалдемократијата мора да го разбие монополот кој го има десницата врз културните, идентитетските и националните прашања. Бидејќи најголем дел од идните политички борби се борби во контекст на културата и нејзините избори. Социјалдемократијата и левиот либерализам мора емоциите во политиката да ги разберат, не да ги потценат како второстепен политички инстинкт, и да се подготват за борба за своите вредности на индивидуални човекови права, права на етничките малцински култури и ранливи групи и малцинства, правда и солидарност, а не овие вредности да ги земаат здраво за готово како еднаш достигнати и веќе дадени“, рече Фрчкоски.

— реклама —

— реклама —

Националната десница во Македонија е само по проста форма на основните линии опишани кај европската радикална десница (национализам, вдомена етничка омраза, ксенофобија и затвореност, лажна реторика про – ЕУ но сè се прави да остане изолацијата на земјата (континуитет на груевистичката политика) крајна неодговорност на блокирање на земјата.

СДСМ и левата коалиција мора да пронајде форма на создавање привлечен модел на отворен еманципиран Македонец/ка како културно дефиниран и самоуверен лик за кој може да се гласа без страв од „наводно исчезнување“ со отворањето, се додава во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања