Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Фрлена бомба во Битола – оштетени седум возила, за четворица осомничени се бара притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-49-4380PM

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против четири лица за кривично дело Предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од Кривичниот законик, поради сомнение дека заеднички подметнале експлозивна направа пред една куќа во градот.

— реклама —

Според прибраните докази во предистрагата, на 12 јули годинава осомничените активирале и фрлиле рачна бомба М-75 кон куќа на улицата „Охридска“. Од експлозијата биле оштетени седум паркирани возила, а била предизвикана и сериозна опасност по животот и телото на граѓаните во централното градско подрачје.

— реклама —
— реклама —

Двајца од осомничените со моторцикл директно учествувале во подметнувањето на експлозивот, додека другите двајца имале соизвршителски дејствија со кои овозможиле и придонеле за извршување на делото.

— реклама —

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола поднесе предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени, од кои еден во моментов е недостапен за органите на прогонот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylr91jopn7e41dMFFrOF

Битола ја активира пајак-службата: ќе се отстрануваат непрописно паркирани и хаварисани возила

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarylr91jopn7e41dMFFrOF

Од понеделник пајак-службата повторно на улиците во Битола

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryk6su1c5m9egcddowMe8

ЗОО Битола доби пет нови животински видови во соработка со Белградската зоолошка градина

Вирално | пред 2 седмици

media-librarys6tnt0hki4f9cbhfjna

(Фото) Во Битола одбележани 110 години од Кајмакчаланската битка

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања