Промени тема
Контакт

Галетановски: Граѓаните на Скопје мрзнат – градската власт итно да преземе одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
galetanovski

Претседателот на градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галтеновски, упати сериозни критики до градската власт поради хаосот во јавниот превоз во Скопје. Тој предупреди дека граѓаните се оставени на милост и немилост на лошото управување со ЈСП. „Граѓаните на Скопје мрзнат! Утрово се жалат дека повеќе од 40 минути чекале на автобусите со број 5 и 15. Ова е недозволиво,“ изјави Галтеновски. Тој посочи дека и покрај вчерашните уверувања од Град Скопје дека ЈСП ќе вози со полн капацитет, ситуацијата денеска била уште полоша. „ЈСП сè уште е без нафта.

„Претпријатието кое има проблем со автобуси и долгови, сè уште не обезбедило основни ресурси за нормално функционирање“, додаде Галтеновски, пренесувајќи ја загриженоста на синдикатот на ЈСП, кој оваа состојба ја нарече „голем срам за градот“. Според Галтеновски, ваквото управување не е само прашање на некомпетентност, туку и на целосна негрижа за потребите на скопјани. „Срам за Град Скопје и за оние што го водат!

— реклама —

„Градот не е приватна фирма за експериментирање. Ако градоначалничката и Советот не можат да ја завршат својата работа, време е да си заминат“, истакна тој.

Претседателот на градската организација на СДСМ повика на итни мерки за решавање на проблемите во јавниот превоз. „Потребно е итно решение за јавниот превоз на скопјани. Град Скопје заслужува подобро од ова“, потенцира Галтеновски.

— реклама —

СДСМ апелира до градските власти да преземат одговорност и веднаш да ги обезбедат потребните ресурси за нормално функционирање на јавниот превоз, бидејќи трпението на граѓаните е на граница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryakhthsk7cjpo5lva6Yp

„Ќе отвораме фризерски салон?“ – Галетановски со критики за „Лајка“, наместо машинки за шишање од 500 евра треба да се вложува во проширување на стационарот

Скопје | пред 2 дена

media-libraryuhoalh09d7np0ZkyqnJ

Галетановски за Десингерица: „Може некој да му забрани на дебилов да пее во Охрид?“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryakhthsk7cjpo5lva6Yp

(Видео) Галетановски бара одговор: Дали куче било однесено на Дрисла од вработен во „Лајка“?

Настани | пред 2 месеци

media-librarykan5gpr6co6cb49uKfH

„Мислам дека не треба да живееш тука“: Жестока преписка меѓу Галетановски и Земон по фотографијата со Стојанов

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања