Промени тема
Контакт

Галетановски за Десингерица: „Може некој да му забрани на дебилов да пее во Охрид?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryuhoalh09d7np0ZkyqnJ

Советникот во Град Скопје, Ѓорѓи Галетановски, се приклучи на реакциите пред најавениот концерт на српскиот трап-изведувач Драгомир Деспиќ – Десингерица во Охрид, повикувајќи на граѓански отпор против неговиот настап.

Во објава на социјалните мрежи, Галетановски напиша:

— реклама —

„Може некој да му забрани на дебилов да пее у Охрид да понижува наши деца? На пример 1000 родители да застанат пред диско и да го протераат?“

Неговата реакција доаѓа откако во јавноста се отвори дебата за настапот на Десингерица, закажан за 5 август во Охрид.

— реклама —

Контроверзниот српски изведувач и претходно предизвикуваше бурни реакции поради своите сценски настапи. Последниот концерт, во клубот „Ла Плаја“, стана вирален откако на сцената со машинка бричеше посетители од публиката, а во минатото на своите настапи плукал кон публиката, ги полевал присутните со вода и ги удирал со патика по главата.

— реклама —

И покрај критиките, неговите концерти низ регионот редовно привлекуваат голем број посетители, а засега нема најава дека концертот во Охрид ќе биде откажан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryakhthsk7cjpo5lva6Yp

„Ќе отвораме фризерски салон?“ – Галетановски со критики за „Лајка“, наместо машинки за шишање од 500 евра треба да се вложува во проширување на стационарот

Скопје | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryakhthsk7cjpo5lva6Yp

(Видео) Галетановски бара одговор: Дали куче било однесено на Дрисла од вработен во „Лајка“?

Настани | пред 3 месеци

media-librarykan5gpr6co6cb49uKfH

„Мислам дека не треба да живееш тука“: Жестока преписка меѓу Галетановски и Земон по фотографијата со Стојанов

Македонија | пред 3 месеци

media-librarym8vfukbt0br163EBES8

„Да го вратите Ѓорѓи Галетановски за директор на ЗОО Скопје“, му порача зоонегувателот Војо Иванов на скопскиот градоначалник

Скопје | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања