Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Видео) Галетановски бара одговор: Дали куче било однесено на Дрисла од вработен во „Лајка“?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Настани
media-libraryakhthsk7cjpo5lva6Yp

Проблемот со уличните кучиња повторно беше актуализиран на седница, при што советникот Ѓорѓи Галетановски побара конкретни одговори од директорот на ЈП „Лајка“ за мерките што се преземаат за справување со состојбата во Скопје.

Галетановски истакна дека уште пред четири до пет месеци му поставил прашања на градоначалникот, но оти сега очекува одговори директно од новоименуваниот директор на претпријатието.

„Прашањата се во име на неколку стотици граѓани. Уличните кучиња сè уште прават хорор по скопските општини – дали е Карпош, дали Кисела Вода – состојбата е многу очајна. Има каснати граѓани, чопори се движат по улиците“, рече Галетановски.

Тој праша до каде е планот за проширување на капацитетите на стационарот, дали се вработени нови заловувачи и дали директорот е запознаен со наводите за дислоцирање на улични кучиња.

— реклама —

„Дали е запознаен со ситуацијата на дислоцирање на улични кучиња, која се случи и во Кисела Вода – имаше пријава дека вработен од неговото претпријатие дислоцирал куче на депонијата Дрисла, па потоа го вратил?“, праша советникот.

— реклама —

Тој изрази надеж дека директорот ќе даде одговори на поставените прашања, оценувајќи дека состојбата со бездомните кучиња е полоша од претходно.

„Се надевам дека е тука и ќе ми одговори, бидејќи ситуацијата е многу полоша од онаа што ја имавме претходно“, порача Галетановски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryuhoalh09d7np0ZkyqnJ

Галетановски за Десингерица: „Може некој да му забрани на дебилов да пее во Охрид?“

Македонија | пред 3 седмици

media-librarykan5gpr6co6cb49uKfH

„Мислам дека не треба да живееш тука“: Жестока преписка меѓу Галетановски и Земон по фотографијата со Стојанов

Македонија | пред 2 месеци

media-librarym8vfukbt0br163EBES8

„Да го вратите Ѓорѓи Галетановски за директор на ЗОО Скопје“, му порача зоонегувателот Војо Иванов на скопскиот градоначалник

Скопје | пред 9 месеци

Screenshot-2025-02-10-at-21.12.43

Ѓорѓи Галетановски: „Чомбе не се повлече од партијата, туку од функцијата – вредностите и пријателствата се вечни“

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања