Александар Нацев, реален сопственик на фирмата „Рубикон“, која без договор ја обезбедувала дискотеката „Пулс“, доби 30 дневен притвор. Тој е осомничен со проширување на истрагата за трагедијата во Кочани за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. Притворот го изрече Судот во Кочани, потврдуваат оттаму за „Скопје1“.
Според информациите од Обвинителството, Нацев заедно со управителот и одговорното лице на подружницата, незаконски вршел обезбедување без склучен договор, без безбедносна проценка и без план за евакуација.
Во текот на критичната вечер, екипата не спречила влез на малолетни лица, преполнетост на објектот, ниту внес на пиротехнички средства, со што е предизвикан пожарот. Трагично, настрадаа 62 лица, 157 се со тешки, а 54 со телесни повреди.
По судска наредба, извршени се претреси на неколку локации и запленета е релевантна документација.
Нацев на 16 март излезе со информација дека нема никаква негова поврзаност со трагедијата
„Сочувство до фамилиите на сите 59 трагично згаснати животи во Кочани, меѓу кои има и мои блиски лица. Сакам да нагласам дека информациите за моја поврзаност со овој настан се дезинформација и шпекулација. Тоа се само обиди за блатантна политичка игра и добивање морбидни поени“, напиша Нацев.
Пред три месеци негираше вина: Нацев, ексдиректор од ВМРО-ДПМНЕ е новиот осомничен за пожарот во „Пулс“
Александар Нацев е новиот осомничен во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“. Обвинителството го сомничи дека е „реален сопственик“ на фирмата која го обезбедувала објектот кобната вечер, а која дозволила внесување на приотехника од страна на членовите на музичката група „ДНК“. Нацев е родум од Пробиштип, каде вчера биле извршени претреси со судска наредба. Претресувани биле негови простории и во Скопје, а одземена е обемна документација поврзана со фирмата.„Лицето е лишено од слобода и со оглед на сите околности и законски основи, јавниот обвинител денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Кочани ќе достави предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството.„Без да имаат договор со клубот „Кабаре ПУЛС“ Кочани, во текот на 2025 година незаконски вршеле обезбедување на објектот. Новоосомничениот активно раководел со ова обезбедување, спротивно на Законот за приватно обезбедување – без безбедносна проценка, план, проверка за противпожарна заштита и услови за евакуација. Во ноќта на пожарот, не го контролирале влезот, дозволиле присуство на малолетни лица, преполнетост на објектот и внес на пиротехника од музичката група, што довело до пожар во кој загинаа 62 лица, 157 беа тешко повредени, а 54 со полесни повреди“, велат од Обвинителството.Нацев на 16 март излезе со информација дека нема никаква негова поврзаност со трагедијата„Сочувство до фамилиите на сите 59 трагично згаснати животи во Кочани, меѓу кои има и мои блиски лица. Сакам да нагласам дека информациите за моја поврзаност со овој настан се дезинформација и шпекулација. Тоа се само обиди за блатантна политичка игра и добивање морбидни поени“, напиша Нацев.Нацев е ексдиректор на Дирекцијата за класифицирани информации од 2015 до 2017 година, кога со Владата раководеше ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Важеше и за истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, од чија говорница држеше и прес-конференции. Нацев e и извршен директор на ЦБИ и професор на Факултетот за државна безбедност.
Македонија | пред 6 месеци