Промени тема
Контакт

Гази Баба ќе субвенционира полагање на возачки испит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Скопје
media-libraryd5d5kpe765pvbrT4mC3

Оштина Гази Баба објави јавен повик за субвенционирање на млади за полагање на возачки испит. На повикот може да аплицираат млади од 18 до 25 години кои се жители на општината.

„Исполнуваме уште едно ветување од мојата изборна програма! Младите добиваат 10.000 денари за полагање возачки испит!

Објавен е ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на младите за полагање на возачки испит – конкретна мерка, реална поддршка, јасна порака: младите се наш приоритет!

Кој може да аплицира?

— реклама —

Млади од 18 до 25 години;

Жители на Општина Гази Баба;

Поднесено барање во Архивата на Општината;

Уплата во регистрирана авто школа.

— реклама —

Потребна документација:

Копија од лична карта;

Копија од трансакциска сметка;

Доказ за извршена уплата (оригинал);

Тековна состојба на авто школата (не постара од 2 месеци);

— реклама —

Зошто го правиме ова?

Затоа што веруваме во младите.

Затоа што нивната мобилност значи повеќе можности, повеќе самостојност и посигурна иднина.

И затоа што ветувањата не се зборови – тие се дела.

Продолжуваме со силни мерки и конкретни политики за поддршка на младите!

Ова е само почеток. Заедно градиме општина што инвестира во својата иднина“, стои во објавата на градоначалникот Бобан Стефковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhlubqs1lh1c26gBcC5z

Синоќа започна миењето на улиците во Гази Баба

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryhlo1d0tkqgarcpfMfPf

Ноќно асфалтирање на мостот „Естакада“: Се санира 1,5 километри коловоз

Скопје | пред 2 седмици

media-librarympmeofo0jombcJ35eNC

(Видео) Публиката пееше наместо нив: 2Бона доминираа во Гази Баба

Сцена | пред 3 седмици

uchilishte-deca-uchilnica

Стефковски: Секој понеделник наставата во Гази Баба ќе започнува со македонската химна

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања