Промени тема
Контакт

Гази Баба субвенционира чистење на оџаци – по 1.200 денари за секое домаќинство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
odzak-zapalen

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово информираше дека е објавен Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за чистење на оџаците во своите домаќинства.

„Загадениот воздух е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Со редовно чистење на оџаците се овозможува подобро согорување на огревното дрво, намалување на штетните честички ПМ10 и ПМ2.5, поголема заштита од пожари и зачувување на животната средина“, истакна Стефковски во објавата на Фејсбук.

Висината на субвенцијата ќе изнесува 1.200 денари по домаќинство, а персоналниот данок е на товар на Општина Гази Баба.

— реклама —

Право на учество имаат жителите на општина Гази Баба дел од домаќинства со исчистен оџак во периодот од објавата на повикот до 30.11.2026 година, со фискална сметка и потврда од овластена фирма.

Како да аплицирате?

Поднесете барање со потребната документација во архивата на Општина Гази Баба, улуца „Архимедова“ бр.2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот.

— реклама —

Повеќе информации и формулари на линкот од јавниот повик: https://gazibaba.gov.mk/j-a-v-e-n-p-o-v-i-k-za.../

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

opshtina-gazi-baba

„СДС се мајстори за изигрување на закон“, велат од Општина Гази Баба

Скопје | пред 6 дена

media-libraryatthslbbe2qid9UTCXV

Ноќна акција низ цела Гази Баба: Заврши вонредното прскање против комарци

Скопје | пред 1 седмица

media-library0nltfoj32ido4dcA2GO

(Видео) Започна целосна реконструкција на мостот „Естакада“ во Скопје

Скопје | пред 1 месец

media-librarypihdemjimldj57oAV0V

(Видео) Црн чад над Гази Баба: неофицијално гори депонија во близина на Инџиково

Настани | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања