Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Генералот Флин по интервјуто на Вучиќ: Србија има важно место во американската историја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Балкан
media-libraryrlcjkq5phk1l6zy2Eg2

Пензионираниот американски генерал и поранешен советник за национална безбедност, Мајкл Флин, го сподели интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ за американскиот медиум „Брајтбарт“, нагласувајќи ја улогата на Србија во спасувањето на американските пилоти за време на Втората светска војна.

Флин потсети на операцијата „Халијард“ („Воздушен мост“), која се смета за една од најголемите акции за спасување на американски и сојузнички пилоти во историјата.

— реклама —

„Србија одигра клучна улога во спасувањето на стотици соборени американски и сојузнички пилоти за време на Втората светска војна, првенствено преку операцијата ‘Воздушен мост’, најголемото спасување на американски пилоти во историјата“, напиша Флин на социјалната мрежа Икс.

— реклама —

Објавата следува откако американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа „Трут Соушл“ го сподели интервјуто на Вучиќ.

Во разговорот за „Брајтбарт“, Вучиќ оцени дека Трамп ужива исклучително висока популарност во Србија, наведувајќи дека голем дел од српските граѓани ја поддржувале неговата кандидатура на претседателските избори во САД во 2024 година.

— реклама —

Според српскиот претседател, Трамп е ценет во Србија поради неговиот прагматичен и рационален пристап кон меѓународната политика.

— реклама —

Вучиќ вчера му се заблагодари на Трамп за, како што рече, почитта покажана кон Србија, изразувајќи уверување дека односите меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат во позитивна насока.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ најави дека ќе ги игнорира претседателските избори во Србија

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
media-library92amidutjmj865s26Ra

Вучиќ: Во овој момент не е можно одржување претседателски избори во Србија

Балкан | пред 1 ден

media-library06g0jovu48bl9Fze6Ri

Вучиќ најави обраќање во 13 часот, ќе изнесе детали за „теророт“ и за политиката што моментално се спроведува во земјата

Балкан | пред 2 дена

media-libraryvouc7e6vb534fTnQEFP

Вучиќ стана инфлуенсер, ги преплави социјалните мрежи со рилсови

Балкан | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања