Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Германска државјанка приведена на Табановце, меѓу 11-те уапсени за дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryf6qn9fv7hoo115m9j1j

Во текот на изминатото деноноќие полицијата лишила од слобода 11 лица на повеќе локации низ државата, откако кај нив биле пронајдени наркотични материи, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

На Граничниот премин Табановце, при влез во државата, била приведена 53-годишна државјанка на Германија. При контрола на кампер возило со германски регистарски ознаки биле пронајдени повеќе пакувања со бела прашкаста материја и марихуана, како и поголема количина тутун, цигари и други предмети со траги од наркотични супстанции.

— реклама —

Во Скопје, на повеќе локации, полициски службеници привеле седум лица, меѓу кои двајца малолетници, државјанин на Турција и државјанин на Канада. Кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава грутчеста материја и марихуана.

Во Битола биле лишени од слобода двајца 37-годишници, откако при преглед кај едниот од нив била пронајдена марихуана.

— реклама —

Во гостиварското село Дебреше бил приведен 21-годишен жител на село Врановце, кај кого во торба биле пронајдени марихуана и пари. Истата вечер, полициски службеници во Гостивар пронашле и неколку пакувања со марихуана оставени во контејнер за отпадоци.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3l2kotb27s0t1BbWf5j

МВР за пет часа казни 221 пешак, санкционирани и 179 возачи

Македонија | пред 34 минути

— реклама —
media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 20 часа

media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 20 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања