Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Ги објавил адресите на засолништата за баратели на азил во Велика Британија, па избиле тридневни немири: Британец обвинет за злоупотреба на положбата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Вработен во британската компанија „Серко“, која за Министерството за внатрешни работи обезбедува сместување за баратели на азил, е обвинет за злоупотреба на службената положба поради сомнежи дека јавно објавил адреси на објекти во кои биле сместени баратели на азил, пренесува Би-би-си.

— реклама —

Станува збор за 62-годишниот Џејмс Џобсон од Костеси, во близина на Норич. Тој вчера се појавил пред судот во Ипсвич, каде што му бил определен притвор. Следното рочиште е закажано за 14 септември во судот во Норич.

Обвинението се однесува на периодот од 3 до 14 август, кога Џобсон, како вработен во „Серко“, наводно намерно и без оправдана причина објавил информации за повеќе адреси во градот Тетфорд, во Норфолк.

— реклама —

Само неколку дена подоцна, во Тетфорд избиле тридневни насилни немири. Демонстранти напаѓале куќи за кои верувале дека се користат за сместување на баратели на азил. Полицијата морала да евакуира дел од станарите на безбедно, а во судирите биле повредени и полициски службеници.

— реклама —

Полицијата во Норфолк потврдила дека обвинението против Џобсон е поврзано со објавувањето на информациите за адресите на објектите во Тетфорд, каде што подоцна се случиле повеќедневните насилни протести.

Од „Серко“ соопштија дека целосно соработуваат со истрагата.

„Полицијата во моментов го истражува случајот и ние целосно соработуваме. Бидејќи правната постапка е во тек, не би било соодветно да даваме дополнителни коментари“, изјавил портпарол на компанијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhsd4j422rdm05gRemPR

Аларм во британското воено воздухопловство: непознати објекти поминувале покрај воени авиони

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryiab2fgsn71ic21PI55B

(Видео) Прескокнал заштитна ограда во британска зоолошка градина и влегол кај тигарот, кој го убил

Свет | пред 1 седмица

britanska-policija-2

Британец опседнат со Декстер изградил „соба за убивање“. Брутално убил девојка

Свет | пред 2 седмици

media-librarya3ddfqqcp9p56SYMzE5

Британскиот премиер Бурнам: Велика Британија треба да размисли и за враќање во ЕУ

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања