Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Ѓоко Велковски донесе решение за разрешување на Александар Филев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
velkovski26012024-1

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски донесе решение за разрешување на Александар Филев од директор на Јавната Установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Радовиш по добиеното известување на 03.04.2024 од СВР Струмица.

— реклама —

На Александар Филев, според Известувањето од Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност СВР Струмица, ОВР Радовиш – ОСИД, рег.бр.23.26.2.3-609/2 на 19.03.2024 година, поднесена му е кривична пријава за сторено кривично дело Загрозување на сигурноста по член 144 став 4 од Кривичниот законик и три прекршочни барања по член 6, по член 11 став 1 и член 13 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

— реклама —

Со ваквите дејствија, загрозување на сигурноста, прекршоците за нарушување на јавниот ред и мир поради пијана состојба, учество во тепачка и навредување на службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата, Александар Филев со крајно несоодветно однесување, а притоа неводејќи сметка за јавниот углед и интерес на институцијата кој ја преставува, направил груба повреда на законот и статутот на институцијата.

— реклама —

Имено, во член 189 од Законот за социјална заштита ( "Службен весник на РСМ бр.104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22 и 65/23) е предвидено дека директорот на Установата може да биде разрешени пред истекот на мандатот за кој е именуван доколку постапува противправно, односно спротивно на јавните интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

velkovski26012024-1

9000 семејства од социјален ризик оштетени за 120 евра годишно, велат од Министерството за труд и социјална политика

Македонија | пред 1 година

IMG_4001

Велковски: Добросостојбата на нашите деца е и ќе биде наша највисока цел

Македонија | пред 1 година

IMG_3595

Велковски на средба со здружението Мобилност

Македонија | пред 1 година

velkovski26012024-1

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања