Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиевски: Депонијата не е на територија на Скопје, водата за пиење е безбедна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library3naf1o4n4e7sepY9bGM

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, уверува дека водата за пиење во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна, откако во јавноста се појавија информации за депонија која се поврзува со изворот „Рашче“.

Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи посочи дека депонијата не се наоѓа на територијата на Град Скопје и дека е оддалечена околу 30 километри од изворите „Рашче“. Според него, депонијата постои околу 30 години.

— реклама —

Тој нагласи дека, без оглед на тоа што локацијата не е под надлежност на Град Скопје, секоја депонија што претставува еколошки проблем треба да биде расчистена. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како што наведе, треба да постапи во рамките на своите надлежности, а Градот ќе даде целосна поддршка за расчистување на локацијата.

— реклама —
— реклама —

Во однос на квалитетот на водата, Ѓорѓиевски тврди дека секојдневните анализи покажуваат дека водата е безбедна за пиење. Дополнително, секој ден се земаат примероци од 36 до 40 локации низ водоснабдителниот систем, кои се испитуваат во лабораториите на ЈП „Водовод и канализација“.

— реклама —

Изворот „Рашче“, според Ѓорѓиевски, е под постојан 24-часовен надзор, со видеонадзор и физичко обезбедување на просторот околу изворот.

„Скопје има безбедна вода за пиење“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека нема да премолчува доколку постои ризик по здравјето на скопјани, но и дека нема да дозволи со, како што наведува, невистини и шпекулации да се создава паника меѓу граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybg01h6c6o4rlaYuQdTM

Ѓорѓиевски на средба со ГРЕКО: Транспарентноста и одговорноста се темел на довербата на граѓаните

Скопје | пред 4 дена

— реклама —
media-librarybeoq1r3hnar07xnPXZi

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време – и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryc1qdhv9fjae3fc2SoGd

Ѓорѓиевски: БРТ е едно од повеќето функционални решенија за градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryup4301a81e6e25w49u4

(Видео) Ѓорѓиевски: Распишан тендерот за предквалификација за брз автобуски превоз во Скопје

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања