Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryp0b2i5pdb1973OTwbn0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека Градот ќе го намали бројот на нови вработувања во јавните претпријатија и установи.

— реклама —

Како што наведе, одлуката е донесена на денешната седница на Советот на Град Скопје, со цел да се ограничи натрупувањето на администрацијата и дополнителното оптоварување на градскиот буџет.

Ѓорѓиевски посочува дека во сите јавни претпријатија и установи се предвидуваат помалку нови вработувања, додека вкупниот број вработени, особено во јавните претпријатија, ќе биде намален по законски основи.

— реклама —

Според него, приоритет ќе имаат работниците кои директно ги обезбедуваат услугите за граѓаните, меѓу кои возачите во ЈСП, работниците и возачите во ЈП „Комунална хигиена“ и оперативниот кадар таму каде што има потреба.

— реклама —

„Најголемиот дел од предвидените нови вработувања се за луѓе кои ќе работат на терен и директно ќе им служат на граѓаните, додека административните позиции се сведени на минимум“, наведе Ѓорѓиевски.

Тој додава дека со преструктуирањето средствата и кадарот треба да се насочат кон областите кои се најпотребни за функционирањето на градот, со цел, како што вели, да се заштити буџетот и да се создадат услови за подобри услуги.

— реклама —

„Скопјани заслужуваат функционален град. Секое работно место мора да придонесува за тоа, а секој потрошен денар да биде оправдан пред граѓаните“, порача Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrb1o1o62hl279UE55Nx

Масовна акција за чистење на Скопје, над 30.000 учесници се вклучија во активностите

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-library09d767havqm88wdv3fI

Ѓорѓиевски и ОБСЕ им доделија признанија на професорите што ги поврзуваат младите преку заедничка настава

Скопје | пред 1 ден

media-library6rqr9p30u7hm7Fkl47X

Ѓорѓиевски на средба со швајцарскиот амбасадор за нови можности за развој и модернизација на Скопје

Скопје | пред 3 дена

media-librarysb1denuv2k2naXkzohy

Орце Ѓорѓиевски доби признание за поддршката во обновувањето на храмот „Свети великомаченик Димитриј“

Скопје | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања