Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Ѓорѓиевски и даде рок од 24 часа на СДСМ да се извини: Нема да отворам теми за златни визи, станови и згради во Дубаи и Козле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
media-library8or03dufbgj969sVn5x

По објавата на СДСМ дека чантата на сопругата на градоначалникот на Скопје чини 30.000 евра, на социјалните мрежи се огласи Орце Ѓорѓиевски. Тој побара од партијата во рок од 24 часа да се извинат на нивниот официјален фејсбук профил каде беше објавена информацијата.

— реклама —

„СДС, ташната не е реалност, ама златните визи и зградите во Дубаи и Козле, се!

СДС повторно докажа дека нема ден без сопствено „лизгање“. Очигледно, тоа им е последната преостаната дисциплина. Во обид да привлечат внимание и барем накратко да го прикријат политичкиот дебакл во кој се наоѓаат, повторно пуштаат лажни вести кои се нивен заштитен знак, стара навика и очајнички обид да останат релевантни.

— реклама —

Сето ова можеби ќе беше само уште една евтина манипулација, доколку не продолжија по најниската можна линија, а тоа е мешање на моето семејство.

Истата матрица ја гледавме и за време на кампањата, кога мета на анонимни и нереализирани ботови беше мојот син.

Денес, без срам и без граници, ја продолжија приказната преку мојата сопруга.

Во своето соопштение тврдат дека на вчерашната промоција на отчетот за 100 дена од сработеното таа носела чанта од „луксузен бренд“. Очигледно заборавиле дека денес сè е проверливо и дека граѓаните одамна не се наивни. И, удрија во ѕид. Повторно.

Фактите се едноставни и кристално јасни, чантата што ја носи мојата сопруга чини 945 денари купена од македонска продавница. Не 30.000 евра. Туку 945 денари. Толку од нивната сензација и „ексклузива“.

Кога не можат да најдат ниту една сериозна замерка за работата на Скопје, кога гледаат дека градот повторно се исправува на нозе и дека резултатите се видливи, тогаш се служат со вакви лаги. Со ниски удари, со фабрикувани приказни и со напади врз семејството, затоа што политика и аргументи одамна немаат.

Јас нема да паѓам на нивното ниво и да потсетувам во какви луксузи живеат семејствата на нивните челници и функционери.

Нема да отворам теми за златни визи, за станови и згради во Дубаи, во Козле „подарени“ луксузни Q8-ци и слични симболи на нивната лажна скромност.

Ќе го задржам нивото на комуникација, иако јавноста многу добро знае кој како живее и од што.

За разлика од нив, јас водам скромен живот. Живеам во стан.

Возам сопствен автомобил. Ништо повеќе и ништо помалку. И мојот народ тоа го знае.

Јас ќе продолжам да работам за моите скопјани. Секој ден и секоја ноќ. Беспоштедно. А тие нека тонат во сопствената мизерија и во лагите со кои со години се обидуваат да опстанат.

Барам јавно извинување од СДС во рок од 24 часа, објавено на истата Фејсбук-страница каде што ја пласираа лажната вест, како и во медиумите.

Доколку тоа не се случи, ќе поднесам пријава и ќе ги искористам сите правни механизми за заштита на мојот и угледот и честа на моето семејство.

Политиката може да биде жестока, но не смее да се води преку лаги, подметнувања и лични дискредитации.

Времето на валкани игри, завршува“, вели Ѓорѓиевски.

media-librarytbbgfb9o3v6calJaANn

Сопругата на Ѓорѓиевски демантира: Чантата чини 944 денари, не 30.000 евра, барам јавно извинување

СДСМ во партиско соопштение објави дека сопругата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера на партиска промоција се појавила со брендирана чанта „Хермес“. Како што велат од партијата оваа чанта, Hermes mini Kelly 2 (20 cm) чини од 28.000 до 33.000 долари.Мартина Ѓорѓиевски на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека чантата чини само 944 денари и побара јавно извинување.„Кога се нема аргументи, кога политиката се сведува на политиканство, СДСМ нема да зборува за работите кои се важни за граѓаните, за фактот што е направено за Скопје и Скопјани, туку ќе вмешува семејства, личности кои не се директно во политиката, неретко и нашиот малолетен син и се така за да привлечат внимание. За волја на вистината, фактите се следни. Мојата чанта не е некакви 30 000 долари како што тврди СДС, ниту е Хермес, туку е купена од продавницата на Obuca Metro Македонија, и тоа на попуст за 944 денари. Истата нема никаква врска со брендот Hermès, ниту по потекло, ниту по цена, ниту по вредност, ниту пак носи натпис на брендот. Доколку не веруваат, може да им ја подарам мојата на увид, а може и самите да ја посетат продавницата, има одлични работи за супер ефтини цени за луѓе кои живеат скромен и чесен живот. Има сѐ уште на располагање од истиот модел на поголема варијанта од малата чанта.Обидот преку евтина конструкција да се создаде наратив за „луксуз“ и „аздисаност“ служејќи се со лаги и клевети во најмала рака е безобразно.Не е мое да коментирам политички, но вмешувањето на потесно семејство во отсуство на вистински аргументи и ширење на лажни вести не е политика, туку дно.Барам јавно извинување за изнесените невистини и повлекување на лажните тврдења.Во спротивно, ќе ги искористам сите правни механизми за заштита на честа и угледот.Политиката не смее да се води преку лаги и лични дискредитации“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 седмици

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

Со подземната сообраќајница метежот и сообраќајниот хаос во Скопје ќе се намалат за најмалку 33%, вели Ѓорѓиевски

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryu3oc6m0brbrdc36Jw0A

Ѓорѓиевски: Завршува изградбата на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryesc166ius7ee6bDPcdr

Орце планира во јуни наредната година да сече лента за новиот Луна парк

Скопје | пред 2 седмици

media-librarys2h0eh7nlkrb7lZJ06o

Ѓорѓиевски најавува строги контроли за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања