Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиевски: Изградбата на пречистителната станица за Скопје напредува, завршени се речиси 40 отсто од работите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-library9qisq9hvggk97xrV8vV

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека изградбата на пречистителната станица за отпадни води се одвива со забрзана динамика и дека досега се завршени речиси 40 проценти од градежните работи.

— реклама —

Според него, станува збор за најголемиот и најсовремен еколошки проект во Македонија, кој опфаќа изградба на околу 60 објекти и ќе придонесе за подобра заштита на реката Вардар, животната средина и јавното здравје.

Ѓорѓиевски посочи дека проектот првично се соочил со застој поради незавршени административни процедури, неусвоени детални урбанистички планови, експропријација на земјиштето и доцнење во исплатите кон изведувачот, но дека сега работите се реализираат според предвидената динамика.

— реклама —

Тој информира дека, согласно договорот меѓу ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и изведувачот, градежните активности треба да завршат во првата половина на 2028 година, по што ќе следува двегодишен пробен период. Конечниот почеток на целосното функционирање на станицата е планиран за првата половина на 2030 година.

— реклама —

„Овој проект ќе значи почист Вардар, поздрава животна средина и посигурна иднина за генерациите што доаѓаат“, наведува Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykihm0ffcg7ks161AHl4

По децении чекање, почна реконструкцијата на улицата „Лазар Поп Трајков“ во Гази Баба, најави Ѓорѓиевски

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryjmcfj28ferrj6CL7jhx

Околу 30.000 граѓани го чистеа Скопје, Ѓорѓиевски најави акции двапати месечно

Скопје | пред 2 дена

media-library6qvio439351v2RcbE1D

Ѓорѓиевски: Иднината на младите се гради со можности, поддршка и доверба

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryc3c7i09stp432oTwYh5

Над 400 оброци поделени за најранливите сограѓани по повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања