Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиевски: Почнува санација на улици и водовод во Кисела Вода и Шуто Оризари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-libraryscsopl4enjij96BGN3a

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека на денешната седница на Советот на Град Скопје била изгласана меѓуопштинска соработка со општините Кисела Вода и Шуто Оризари, со што ќе започне реализација на повеќе инфраструктурни проекти.

— реклама —

Според него, во општина Кисела Вода ќе се изврши пробивање, односно продолжување на улицата „Димо Хаџи Димов“ до кружниот тек, проект за кој рече дека ќе придонесе за подобро сообраќајно поврзување, поголема безбедност и намалување на сообраќајниот метеж.

Во општина Шуто Оризари, пак, ќе се реализира санација на улицата „Македонско-косовска бригада“ 38, главната улица во населеното место Горно Оризари, како и на улицата „37“, каде што е предвидено и подобрување на водоводната мрежа.

— реклама —

Ѓорѓиевски истакна дека со овие активности се исполнуваат ветувања дадени пред граѓаните и се подобруваат условите за живот во делови од градот кои, како што наведе, со години чекале на инфраструктурни инвестиции.

— реклама —

Тој порача дека Град Скопје ќе продолжи со рамномерен развој на сите општини и населени места, најавувајќи дека во наредниот период ќе следуваат нови проекти низ целиот град.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykihm0ffcg7ks161AHl4

По децении чекање, почна реконструкцијата на улицата „Лазар Поп Трајков“ во Гази Баба, најави Ѓорѓиевски

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryjmcfj28ferrj6CL7jhx

Околу 30.000 граѓани го чистеа Скопје, Ѓорѓиевски најави акции двапати месечно

Скопје | пред 2 дена

media-library6qvio439351v2RcbE1D

Ѓорѓиевски: Иднината на младите се гради со можности, поддршка и доверба

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryc3c7i09stp432oTwYh5

Над 400 оброци поделени за најранливите сограѓани по повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања