Промени тема
Контакт

Ѓорѓиевски: Потписот на Кодексот е обврска за фер и достоинствени избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-library9qra9q1p129u6FkPGmI

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска го потпиша Кодексот за фер и демократски избори, со што, како што истакна, презема јасна и јавна обврска да биде гарант за транспарентен и достоен изборен процес.

— реклама —

„Со голема чест и одговорност го ставив својот потпис на Кодексот за фер и демократски избори. Овој потпис е јасна и јавна обврска дека како кандидат за градоначалник на Скопје ќе бидам гарант за процес кој ќе биде транспарентен, фер и достоен за доверба,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој се обврза дека ќе ги почитува темелните демократски принципи, ќе обезбеди еднакви услови за сите учесници, нема да дозволи притисоци, заплашувања или дискриминација, и ќе го заштити правото на секој граѓанин да избира слободно и достоинствено.

— реклама —

„Изборите се мерило за зрелоста на нашиот народ и наша должност е да создадеме атмосфера во која секој ќе може да ја искаже својата волја без страв, со право да учествува, да се информира и да гласа слободно,“ додаде тој.

— реклама —

Ѓорѓиевски нагласи дека чесноста, непристрасноста и отчетноста се основата врз која се гради довербата во институциите, повикувајќи на фер натпревар меѓу кандидатите:

„Подавам рака на секој кандидат, со своите идеи и планови да направиме повеќе за нашето Скопје и за скопјани, бидејќи тие заслужуваат достоинствен град. Посакувам среќа на сите – нека победи подобриот.“

— реклама —

Кодексот за фер и демократски избори беше потпишан од сите кандидати за градоначалници на Скопје, освен од претставникот на Левица, Амар Мециновиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Едно избирачко место на повторените локални избори воопшто не е отворено, во неколку се доцнело поради временските услови

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Започна повторното гласање за градоначалник во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања