„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ѓорѓиевски: Средствата од Владата наменети за општините мора да се реализираат, проектите се од интерес за граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Скопје
orce-1

На синоќешната дебатна емисија „24 анализа“ на ТВ 24, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски го изнесе својот став околу новиот повик од Владата за општините, во кој се предвидуваат 250 милиони евра за капитални проекти со кој ќе се олесни животот на граѓаните.

— реклама —

„288 проекти за 78 општини, беа спроведени преку повикот. За разлика од многупати во минатото, ова беа исклучително капитални проекти за подобрување на условите на нашите сограѓани во сите општини во нашата држава. За жал две општини само не добија на минатиот повик, не по вина на Владата, туку по нивна вина средства. Во рамки на истото, минатата недела имавме седница на управниот одбор на ЗЕЛС, пративме допис до сите градоначалници, наши колеги, но и јас јавно повикував, доколку некој има потреба да помогнеме околу документација“, истакна Ѓорѓиевски и додаде дека многу проекти ќе бидат решени во интерес на граѓаните со овие капитални проекти.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, напомена дека може да дојде до одредени пролонгирања на проектите, од објективни причини, меѓутоа проектите мора да се завршат бидејќи како што тој напомена, парите се веќе обезбедени за истите.

— реклама —

„Штом Владата, односно ресорното министерство, потпишало договор со општината, тие средства мора да се реализираат и тој проект мора да се реализира. Дали динамиката ќе биде наместо 3 месеци, да биде 6 месеци, година дена или две години, штом е потпишан договорот нема назад од тоа. Мене ми е многу драго што сите имаат потпишано договори“, изјави Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1gvc5rjf24hi4Aq49eN

(Фото) Орце со мајстори влезе во Град Скопје, ги трга рампите откако ја испрати Данела

Скопје | пред 1 месец

media-librarygf6tolcl5c6t9ej0J3g

(Видео) Орце Ѓорѓиевски: „Додека градските власти спијат, ние го чистиме Скопје“

Скопје | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-09.33.00

(Фото) Орце и Панче Тошковски на утринско пешачење низ Градскиот парк

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-07-06-at-14.40.44

(Видео) Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓиевски: Ќе го воскреснеме Скопје од сивилото

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања