Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиевски: Влогот во младите е влог во иднината на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-librarya43kefubpb1u5BDpjUC

Орце Ѓорѓиевски денеска на својот фејсбук профил порача дека вложувањето во младите претставува вложување во иднината на Македонија, на отворањето на „Националниот натпревар на вештини 2026“, организиран од Занаетчиска комора Скопје.

На настанот присуствувале и Михалис Рокас и Весна Јаневска.

— реклама —

Ѓорѓиевски истакна дека Град Скопје со гордост застанал зад проектот преку кофинансирање, препознавајќи ја неговата важност за развојот на стручното образование и создавањето квалитетни млади кадри.

Годинава, натпреварот обединува ученици од десет стручни училишта од Скопје и уште 50 училишта од целата држава, кои ќе ги покажат своите знаења и практични вештини во 15 стручни профили од областа на занаетчиството.

— реклама —

„Ова не е само натпревар, туку потврда дека стручното образование има огромна вредност. Практичните вештини отвораат врати кон сигурна професија, личен развој и достоинствен живот“, порача Ѓорѓиевски.

— реклама —

Тој додаде дека младите заслужуваат пристап до европски знаења, стандарди и перспективи, нагласувајќи дека визијата е да се создаде општество во кое младите ќе останат, ќе создаваат и ќе ја градат својата иднина во државата.

Ѓорѓиевски најави дека Град Скопје и во иднина ќе продолжи да го поддржува настанот преку програмите за локален економски развој и преку Стратегијата за развој на занаетчиството 2025–2028, изработена во соработка со Занаетчиската комора Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykihm0ffcg7ks161AHl4

По децении чекање, почна реконструкцијата на улицата „Лазар Поп Трајков“ во Гази Баба, најави Ѓорѓиевски

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryjmcfj28ferrj6CL7jhx

Околу 30.000 граѓани го чистеа Скопје, Ѓорѓиевски најави акции двапати месечно

Скопје | пред 2 дена

media-library6qvio439351v2RcbE1D

Ѓорѓиевски: Иднината на младите се гради со можности, поддршка и доверба

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryc3c7i09stp432oTwYh5

Над 400 оброци поделени за најранливите сограѓани по повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања