Промени тема
Контакт

Ѓорѓиевски: Завршува изградбата на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
media-libraryu3oc6m0brbrdc36Jw0A

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави: „Делата говорат! Скопје не смее да чека. Скопје мора да се развива – посветено и со визија. Во завршна фаза е изградбата на улицата ‘Фрањо Клуз’ во Аеродром, која е една од најзначајните сообраќајници во овој дел од градот. Се работи со полна динамика, и дење и ноќе, затоа што скопјани заслужуваат модерен, функционален и безбеден град.“

— реклама —
— реклама —
media-library0jhmr6pe4gua8n06Wis

Тој додава дека во должина од еден километар се изведуваат нови тротоари, се поставува современо улично осветлување и се гради нова атмосферска канализација. „Реконструкцијата опфаќа нов тампон, двослоен асфалт, нови рабници, а во овој момент интензивно се асфалтираат тротоарите. Секој сегмент се изведува по сите пропишани стандарди. Од наредната недела, жителите на Аеродром ќе возат по нова, современа и безбедна улица“, напиша Ѓорѓиевски.

— реклама —
— реклама —
media-library9jat7olb8d316kgT2Pq

Тој истакнува: „За само три месеци од преземањето на функцијата градоначалник на Скопје, покажавме дека кога се работи со срце, визија и чесна намера – резултатите се очигледни. Не ветивме чуда, туку работа. И работиме. Ова е само почеток. Следува најголемата инфраструктурна обнова досега. Ќе се работи рамномерно, во секој дел на Скопје, затоа што секој заслужува исти услови, исти шанси и ист квалитет на живот. Мојот народ го заслужува најдоброто!“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

skopski-aerodrom-skopje-patnici

Скопскиот аеродром меѓу европските рекордери: Патничкиот сообраќај пораснал за 34,8 отсто

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
bez-voda

Аеродром денеска без вода поради водоводен приклучок

Скопје | пред 6 дена

media-librarygicq96btf4q7ewH4huK

Нова парковска површина од 3.000 квадратни метри се уредува кај „Џевахир“

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryt0k5ebtap13d9sVPhOE

415 нови паркинг-места во Мичурин и Стар Аеродром: се подготвува нов сообраќаен режим

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања