Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиевски: ЗЕЛС формира кризен противпожарен штаб пред летната сезона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-library2qvfr94tf4qd6cw1JiE

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска се одржала редовна седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, на која се разговарало за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините и биле донесени повеќе одлуки.

— реклама —

Како една од клучните одлуки, Ѓорѓиевски го посочи формирањето кризен противпожарен штаб при ЗЕЛС, со цел подобра координација меѓу општините при евентуални пожари во текот на летниот период.

„Безбедноста на граѓаните, заштитата на имотот и навремената реакција мора да бидат наш заеднички приоритет“, наведе Ѓорѓиевски.

— реклама —

Тој додаде дека преку ЗЕЛС ќе се зајакнува меѓуопштинската соработка и ќе се гради систем што ќе може координирано и ефикасно да реагира во кризни ситуации.

— реклама —

На седницата присуствувал и Ацо Ристов, со кого било разговарано за можностите за формирање локални енергетски претпријатија.

Според Ѓорѓиевски, користењето електрична енергија произведена од соларни панели и нејзиното пласирање на пазарот може да обезбеди дополнителни приходи за општините, кои потоа би се вложувале во локални проекти и услуги за граѓаните.

Од ЗЕЛС порачаа дека целта е создавање посилни општини, поефикасни институции и подобри услови за живот за граѓаните во Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykihm0ffcg7ks161AHl4

По децении чекање, почна реконструкцијата на улицата „Лазар Поп Трајков“ во Гази Баба, најави Ѓорѓиевски

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryjmcfj28ferrj6CL7jhx

Околу 30.000 граѓани го чистеа Скопје, Ѓорѓиевски најави акции двапати месечно

Скопје | пред 2 дена

media-library6qvio439351v2RcbE1D

Ѓорѓиевски: Иднината на младите се гради со можности, поддршка и доверба

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryc3c7i09stp432oTwYh5

Над 400 оброци поделени за најранливите сограѓани по повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања