Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ѓошевска: Диви депонии никнуваат низ Гази Баба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
Levica

„Двете најголеми скопски општини, Гази Баба и Аеродром, и двете управувани од кадри на ДПМНЕ, Гази Баба - од Бобан Стефковски, а Аеродром - од Тимчо Муцунски, се поврзани со мост од ѓубре.

— реклама —

Мостот што ги спојува овие две општини е претворен во дива депонија од којашто се шири ужасна смрдеа. Депонија, којашто е магнет за кучињата скитници, кои, исто така, се слика за неизвршувањето на обврските од страна на првите луѓе во општините Гази Баба и Аеродром. Депонија, којашто е потенцијално жариште за ширење на заразни болести.

— реклама —
— реклама —

Граѓаните на Јурумлери и околните места веќе долго време се жалат на овој проблем, а за да може и пошироката јавност да види колкав е капацитетот на ДПМНЕ за решавање проблеми, предлагаме и на оваа локација да снимаат некој од нивните предизборни спотови во кои ќе побараат поддршка за вака да ги решаваат и проблемите во државата.

— реклама —

Како советничка група во Советот на Општина Гази Баба, ги повикуваме градоначалникот Бобан Стефковски, надлежните инспекции и ЈКП ,Гази Баба 2007' да се разбудат од зимски сон, да се фатат за работа и да ја исчистат оваа депонија!", изјави Марија Ѓошевска, советничка од Левица во Советот на Општина Гази Баба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarycmgpv65mgs0jajH1QP3

(Видео) Левица: Повторно исклучена струјата на факултети на УКИМ, без електрична енергија и студентскиот дом „Стив Наумов“

Скопје | пред 15 часа

— реклама —
apasiev

„Додека народот пресметува дали има за леб, Владата пресметува уште колку може да не презема ништо“, вели Левица

Македонија | пред 22 часа

media-library3vbsh2bl1e342Bgqyoh

„Сопругата на Роберт Вељановски избрана за надзор над прислушувањето“, Левица обвинува за непотизам

Македонија | пред 1 ден

Levica

Левица: ДПМНЕ ги одби предлозите за поддршка на домашното стопанство, железницата и заштита на природата

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања