Изјава на членот на Извршниот одбор на СДСМ, Рубин Земон, за улогата на Гоце Делчев предизвика силни реакции во јавноста и меѓу политичките партии. Земон во подкаст изјави дека „Гоце Делчев е мит“ и дека, според него, за македонскиот идентитет поголем придонес имаат личности како Крсте Мисирков и Димитрија Чуповски. Тој додаде дека Делчев „ништо не напишал“ и „не извојувал ниту една битка“, нагласувајќи дека темата треба да се разгледува на „објективно научно ниво“.
Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно се огради од ваквите ставови, потенцирајќи дека Гоце Делчев претставува „жива морална и национална вертикала“ врз која се темели македонската државност.
„Почитта кон Гоце Делчев не е прашање на дневна политика. Таа е прашање на достоинство, историска свест и одговорност“, напиша Петровска, додавајќи дека ваквите позиции не смеат да бидат доведени во прашање.
Од СДСМ, преку изјава на Јон Фрчкоски, посочија дека Земон се извинил за својата изјава и нагласија дека за партијата Делчев е „великан вкоренет во сè што сме денес“.
„Гоце Делчев е најголемата и најзначајната историска личност за Македонија. Основоположник на идејата на ова што сме денес. (0:10) Човек со кој што ни почнува химната, великан. Колку и да не ми се допадна контекстот кога јас ја слушнав таа изјава, верувам на она што Рубин го напиша вчера, човекот се извини за таа изјава, објасни дека е извадено од контекст и дека доколку и некој ја интерпретирал така, тоа не било неговата намера, сакал да... Практично акцентира и други македонски значајни имења од тој период. Жално е на кој начин јавноста му одговори, Рубин беше уведваден и вреген по основна национална припадност и слично, (1:19) и тоа е страшно Ние стоиме за тоа што го кажува, а тоа е дека се извини за изјавата и контекстот во која што ја дадена“, вели Фрчкоски.
Реакција стигна и од ВМРО-ДПМНЕ, од каде оценија дека изјавата на Земон е доказ за, како што наведуваат, „вистинските позиции“ на раководството на СДСМ во однос на идентитетските прашања.
(Видео) Рубин Земон: Гоце Делчев ништо не напишал во животот, ниедна битка не извојувал никаде, а кај нас е мит направен
Поранешниот пратеник и лидер на ПОЕН, а сега член на ЦО на СДСМ, Рубин Земон, во поткаст на Коридор 8 изјави дека Гоце Делчев бил само мит кој ништо не направил за Македонија.„Нема што ние да се расправаме за некои истории кои се случиле во минатото. Бугарскиот идентитет во Македонија мора да се либерализира и да им се даде на луѓето да се изјаснуваат без дискриминација. А за Гоце Делчев, кој станал мит, ако го спуштиме тоа на објективно научно ниво, за мене и за македонскиот идентитет многу позаслужни се Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски, а не Гоце Делчев којшто ништо не напишал во животот. Ниедна битка не извојувал никаде, а кај нас е мит направен од Гоце Делчев“, вели Земон.
Настани | пред 2 часа
Петровска со остра реакција кон Земон: Ако не се промениме, ќе исчезнеме, почитта кон Делчев не е прашање на дневна политика
На ставот на Рубин Земон, член на ИО на СДСМ, искажан во подкаст дека Гоце Делчев ништо не напишал во животот, ниту една битка не извојувал никаде, а направен е мит од него, реагираше пратеничката Славјанка Петровска на социјалните мрежи:„Гоце Делчев не е само историска личност од нашето минато, туку жива морална и национална вертикала врз која се темели македонската државотворна свест. Неговиот лик и неговото дело се длабоко вградени во колективната меморија на македонскиот народ, во нашата борба за слобода, правда и самобитност.СДСМ е партија што својата идеолошка и политичка традиција ја гради врз темелите на АСНОМ, антифашистичката борба и непоколебливата определба за заштита на македонскиот идентитет, јазик и историска посебност. Тие вредности не смеат да бидат предмет на компромис, ниту пак да бидат доведени во прашање со било какво дејствување од позиции во рамки на партиските органи.Верувам дека е време сите, со одговорност и зрелост, да се навратиме на суштината: кои се вредностите што ги застапуваме, кого претставуваме и каква политичка порака испраќаме кон граѓаните. Не е доволно само декларативно да се повикуваме на нашите историски корени, ако во пракса не покажуваме доследност кон нив.Како член на СДСМ и како почитувач на темелните вредности се оградувам од секоја помисла за доведување во прашање на значењето на Великанот и неговиот влог во слободата што ја живееме денес.Почитта кон Гоце Делчев не е прашање на дневна политика. Таа е прашање на достоинство, историска свест и одговорност кон генерациите што доаѓаат.Му се поклонувам на Великанот Гоце Делчев, кому му се поклонуваат државници од целиот свет.И повторно, загрижено ќе напишам: „Ако не се промениме, ќе исчезнеме”, напиша Петровска.
Коментари | пред 1 час