Промени тема
Контакт

Хуман гест на Игор Џамбазов: Наградата „Васил Иљоски“ ја донира за лекување на девојче од Куманово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library3n20hp6hbeu47lhAu7M

На актерот Игор Џамбазов вчеравечер му беше врачена наградата „Васил Иљоски“ за високи достигнувања во театарската уметност, во областа на комедијата. Признанието му беше доделено на отворањето на 29. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

— реклама —

Џамбазов во своето обраќање истакна дека паричниот фонд од наградата ќе го донира за лекувањето на Јована Станковска од Куманово, која боледува од церебрална парализа.

— реклама —

За него, наградата има особено значење и поради тоа што го носи името на Васил Иљоски, кого лично го познавал.

„Дедо Васил и дедо ми Петре беа другари и починаа во само две недели разлика и некако ги загубив и двајцата. Тоа е првата работа што ми е битна“, истакна Џамбазов.

— реклама —

Тој се осврна и на своите почетоци на сцената, посочувајќи дека уште како пет-шестгодишно дете настапувал во групата деца во „Чорбаџи Теодос“.

„А веќе како дипломиран глумец го играв и Бошко во „Бегалка“ во Драмскиот театар во режија на Димитрија Рули Османли“, додаде Џамбазов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl20spb0j9ove8JnE6Tg

„Смртта на Тоше Проески за Македонците е како атентатот врз Џон Кенеди за Американците, сите ние вечно ќе го паметиме тој момент“: Џамбазов со емотивна порака за македонската легенда

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library0cq5bthmh9us3bOcWz4

(Видео) Игор Џамбазов го покажа новиот дом во Дојран со поглед кон езерото

Вирално | пред 2 седмици

media-library0cq5bthmh9us3bOcWz4

Игор Џамбазов е добитник на престижната награда „Васил Иљоски“ за особен придонес во театарската уметност

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryfluf2ihfeimm37FNNAN

(Видео) „Чичко маестро Џамбаз“: Сеќавање на Александар Џамбазов низ зборовите на Игор Џамбазов

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања